Ентузијазмот, очекувано станува се поголем како што се ближи почетокот на првото Светско првенство во фудбал што ќе биде одржано во Африка.
Генералниот секретар на Светската фудбалска федерација, ФИФА, Џером Валке вели дека е голема побарувачката за билети за 64 натпревари што ќе се одиграат на 10 локации низ Јужна Африка.
32 то Светско првенство што почнува на 11 јуни ќе кулминира со финалето на 11 јули во Јоханесбург. Во продажба се повеќе од 30 милиони билети:
„Јас не велам дека сите ќе бидат продадени, но продажбата ќе биде многу голема.“
Обезбедувањето секогаш е во надлежност на државата каде што се одигрува спортскиот настан.
Генерално, ваквиот оптимизам на Валке го делат и фудбалските навивачи во светот и, се разбира, Јужноафриканците кои велат дека првиот фудабалски меч кај нив се одиграл уште во далечната 1862 година.
Но, многу прашања, големи и мали, предизвикуваат загриженост. Најголемата загриженост е за безбедноста, особено по стампедото на неделниот пријателски натпревар меѓу Нигерија и Северна Кореја кога 16 луѓе беа повредени.
„Ова нема да се случи на ниеден натпревар на Светското првенство. Во тоа можете да бидете сигурни“, вели претседателот на ФИФА Јозеф Блатер, додавајќи:
„На ниту еден начин фудбалската организација, без оглед дали станува збор за регионална, локална, национална или меѓународна, нема полициски или воени сили за да интервенира за чување на безбедноста. Обезбедувањето секогаш е во надлежност на државата каде што се одигрува спортскиот настан.“
До сето ова даѓа само неколку месеци откако тимот на Того беше цел на терористички напад на патот за Африканскиот куп во Ангола.
Властите на Јужна Африка велат дека презеле големи безбедносни мерки. Имено, во текот на турнирот ќе бидат ангажирани 40 илјади полицајци, хеликоптери, водени топови.
Ако сметаме дека судијата не може да направи грешка, тоа ќе го доведе под прашалник и целиот систем
на судење.
Но, освен за безбедноста, тука е и прашањето со контроверзното судење на натпреварите што впрочем стави дамка врз претходното Светско првенство во Германија во 2006 година.
Тогашното финале ќе биде запамтено кога францускиот репрезентативец Зинедин Зидан со глава го удри италијанскиот играч Марко Матераци по што беше испратен во соблекувалната.
На видео снимката јасно се виде дека Зидан бил испровоциран од Матераци.
Чашата ја преполни играта со рака на французинот Тиери Анри за време на квалификацискиот натпревар по што Ирска не се пласира на првенството во Јужна Африка.
Блатер вели дека грешки се прават, но оти ФИФА смета оти било најдобро да се задржи сегашниот систем во кој само еден судија ќе биде на теренот, а двајца други ќе му асистираат.
„Ако сметаме дека судијата не може да направи грешка, тоа ќе го доведе под прашалник и целиот систем на судење“, изјави Блатер.
Тој наведе дека ФИФА ќе има уште еден претставник, но оти тој нема да употребува монитор или некоја друга технологија.
Контроверзи предизвикува и новата фудбалска топка која традиционално ја израбутва Адидас. Се вика Џабулани и веќе предизвикува страхување кај голманите поради нејзиниот нетпревидлив лет. Впрочем така беше и со претходната топка. Велат и тоа е дел од, според некои, најголемиот настан во светот.