Првиот црн претседател на Јужна Африка, Нелсон Мендела, ќе присуствува на отворањето и на затворањето на Светското првенство, е соопштено во Јоханезбург. Претходно, семејството на Мендела истакнуваше дека тој поради староста нема да може да присуствува на стадионите. Мендела, во наредниот месец ќе наполни 92 години, беше еден од главните лобисти во Цирих во 2004-та година за Јужна Африка да биде домаќин на годинешното Светско првенство во фудбал. Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер изјави денеска дека очекува Мендела да дојде на церемонијата на отворањето на Светското првенство, на новиот стадион, кој е во близина на Совето, гетото во Јоханезбург во кое и живеел Мендела.