,,Ова е стара идеа на академик Цветан Горзданов, што датира од времето на поставување на споменикот на Свети Кирил и Методиј, во централното градско подрачје да бидат поставени споменици на Свети Климент и на Свети Наум, и остана да се постави уште спомен обележјето на Свети Наум Охридски. Оваа иницијатива ја реафирмираа и пратениците и ја поддржаа преку владата да се реализира. И локалната и централната власт сме обединети во едно, оваа идеа да се реализира.”
Вели Јоне Станкоски, претседател на Одборот за подигнување на споменикот. Според одлуката, споменикот ќе биде излеан од бронза, висок пет метри, со постамент широк околу два, висок еден метар, ќе чини 250 илјади евра, со 100 илјади од Министерството за култура, останатите од општината и донации, а со ликот ќе биде свртено кон манастирот Свети Наум на другата страна на Охридското крајбрежје. Што мислат Охриѓани за подигнување на новиот споменик, со кој ќе се заокружи триаголникот со блиските споменици на Свети Климент кој од 2006-тата е на централниот плоштад и оној на Светите Кирил и Методиј, кој во градскиот парк е од 1989 година.
,,Сметам дека идеата за изградба на споменик на Свети Наум Охридски во центарот на Охрид е благородна, дотолку повеќе што на поширокиот простор каде се планира да биде поставен веќе има споменици на Светите Кирил и Методиј и Свети Климент. Со тоа и естетски и духовно ќе се вклопи во амбиентот.Би сакал да истакнам дека поставувањето на споменикот, иако само по себе ќе биде туристичка содржина, не смее да се сведе само на тоа, затоа што Свети Наум, Кирил и Методиј и Климент се светители, просветители, исклучително заслужни за нашиот јазик, култура и идентитет. Затоа сметам дека треба да се води сметка за пошироките содржини околу спомениците, затоа што не оди Климент и Наум да стојат над маси, а околу Свети Кирил и Методиј да се вози мини формула,”
вели жител на Охрид.
,,Кога веќе има споменици на Свети Кирил и Методиј и на Свети Климент, тогаш логично е и на Свети Наум да му се оддаде признание за неговото дело. Но она што ми пречи е дека по секоја цена се настојува сите обележја и споменици да се сместат токму на градскиот плоштад, кој и така веќе е пренатрупан со најразлични обележја и секакви видови објекти. Мое мислење е дека треба да се направи поинаков план, да има споменици, но не мора да се во толкава големина и не мора сите да се на толку мал простор туку да се расштркаат низ градот.”
вели друг жител на Охрид, кој прашува зошто мораше постојните помали споменици од паркот да се вадат, за да се стави нов? Според граѓаните добро би било спомениците да се постават и на други локации низ Охрид, со што и тие би биле атрактивни за посета на туристите.Според Охриѓани подигнувањето на споменикот на Свети Наум во градот, чиј заштитник со Свети Климент е и овој светител, коинцидира со проектот за споменизација на Скопскиот плоштад.
Ова е стара идеа на академик Цветан Горзданов, што датира од времето на поставување на споменикот на Свети Кирил и Методиј, во централното градско подрачје да бидат поставени споменици на Свети Климент и на Свети Наум, и остана да се постави уште спомен обележјето на Свети Наум Охридски.