Достапни линкови

Како да се искористи грчката криза


ЕУ и додели помош од 150 милијарди евра на Грција за излез од кризата
ЕУ и додели помош од 150 милијарди евра на Грција за излез од кризата

Грција доби помош од ЕУ во висина од 150 милијарди евра, а 20 мијарди веќе и се доставени на земјата. Во Сојузот на стопански комори велат дека македонските компании преку соработката со грчките бизнисмени, треба да се обидат да ги искористат овие средства. Домашните бизнисмени се скептични и сметаат дека тоа се пред се пари за државата, а не за приватниот сектор.

Македонските компании треба да имаат проактивен однос кон кризата во Грција, сметаат во Сојузот на стопански комори имајќи ја предвид сумата од 150 милијарди евра помош од Европската Унија, од кои 20 милијарди веќе и се доставени на таа земја. Извршниот директор Митко Алексов вели дека македонските стопанственици треба да се обидат да ги искористат овие средства, наместо само да размислуваат за негативните последици од економската криза во Грција:
Треба на некој начин да искористиме, значи да видиме како ние можеме, односно нашите компании да се вклучат и да добијат еден дел од овој колач со своите активности дали во дел на увоз-извоз, дали во дел на услуги, дали на консултански услуги итн.


„Треба на некој начин да искористиме, значи да видиме како ние можеме, односно нашите компании да се вклучат и да добијат еден дел од овој колач со своите активности дали во дел на увоз-извоз, дали во дел на услуги, дали на консултански услуги итн.“

Драган Николов, претставник на градежната индустрија смета дека парите од ЕУ се наменети повеке за рефинансирање на постојни долгови и за покривање на дефицитот. Тоа се пари за државата, а не за приватниот сектор. Грција мора да штеди, а што ќе продаваме ние таму, прашува Николов. Според него, со оглед на тоа што Грција е повеќе присутна на македонскиот пазар тој тука повеќе го гледа ефектот за да не ги повлекуваат парите.

„Да речеме, еве мермерен комбинат извезува меѓутоа тоа е грчка инвестиција. Значи еве еден пример, мермерниот комбинат извезува ако има намалени нарачки тој помалку ќе работи. Тоа е веќе грчка компанија.“
Што се однесува пак за понатамошно пласирање мој впечаток е дека тоа ќе оди се потешко и потешко.


Љупчо Дренковски, претставник на живинарската индустрија, смета дека тоа се пари кои се користат за институционални потреби или кои ќе се искористат за враќање на веќе пристигнати кредити. А дека кризата влијае врз извозот потврдуваат и во Сојузот. Ќе има проблеми кои во најголем дел претствуваат вложување поголеми напори да се најадат алтернативни извори. Дренковски потврдува дека кризата во Грција се одразила со поскапување на цената на репромоматеријалите кои досега ги купувале:

„Што се однесува, пак, за понатамошно пласирање, мој впечаток е дека тоа ќе оди се потешко и потешко бидејќи ќе се зајакнуваат обезбедувањата за плаќањето што ќе оди уште потешко. Банките се веќе многу построги кај нив и мислам дека понатамошните акредитиви банкарски гаранции со кои што обично работат тие ќе бидат во потешкотија на обезбедување.“

Годишната размена меѓу Македонија и Грција е околу 720 милиони долари, а имаме дефицит од 150 милиони долари. Во првиот квартал од годината извозот изнесува 50 милиони долари.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG