Достапни линкови

И натаму недостаток од лекови?


Лекови
Лекови

Во Фондот за здравство ветуваат дека состојбата со недостатокот од лекови ќе се стабилизира, бидејќи средствата во буџетот за таа намена се зголемени, па пациентите ќе бидат подобро услужени. Најпогодени се хронично болните меѓу кои бубрежно болните, срцево болните, ревматските заболувања, канцерогените заболувања.

Јуни е веројатно најновиот рок за надминување на состојбата со снабденост со лекови. Во последниов месец по рапределбата на новите квоти, граѓаните се жалат дека лекови на рецепт тешко можат да се најдат, поради што, иако се осигуреници на Фондот за здравствено осигурување, принудени се терапијата да си ја купуваат. Во Фондот за здравствено осигурување ветуваат дека состојбата ќе се стабилизира и во аптеките ќе ги има сите неопходни лекови. Д-р Драган Поповски, претствник на фармацевската индустрија, вели дека дефицитот на буџетот кој наметна таква состојба повторно е зголемен со што пациентите ќе може да бидат подобро услужени:
Дефицитот наметна едно такво решение кое беше на штета на пациентите, меѓутоа сега со последната одлука на Одборот на Фондот за здравство, повторно се зголеми буџетот на фондот и квотите на аптеките кои издаваа лекови на рецепт, а кои беа намалени за 50-60 отсто сега повторно ја качија квотата и сега пациентите ќе бидат подобро услужувани.


„Дефицитот наметна едно такво решение кое беше на штета на пациентите, меѓутоа сега со последната одлука на Одборот на Фондот за здравство, повторно се зголеми буџетот на фондот и квотите на аптеките кои издаваа лекови на рецепт, а кои беа намалени за 50-60 отсто сега повторно ја качија квотата и сега пациентите ќе бидат подобро услужувани.“
Аптека

Најавени за идниот месец, знаците на подобрување не се чувствуваат. Најпогодени се хронично болните меѓу кои бубрежно болните, срцево болните, ревматските заболувања, канцерогените заболувања. Фондот да овозможи постојано и лесно да се наоѓаат лековите на рецепт, а не само првата недела од месецот, велат граѓаните.

„Нема, тој лек што го барам нема, па сега ќе одам во други аптеки.“

„Во првите две аптеки го немаше ниту на приватно, ниту на рецепта. Обичен сируп за искашлување сакав да купам.“

„Живеам малку подалеку од населбата Ченто, таму аптеките некои имаат, некои немаат. Во Центар исто.“

Само во центарот на Скопје Фондот за здравствено осигурување од 1 април годинава склучи договор со 30 нови аптеки, а бидејќи буџетот е на ланското ниво, квотите се помали. Во Фондот објаснуваат дека промените се направени за да се усогласат цените откако било утврдено дека некои лекови се продаваат по неколку пати повисоки цени. Инаку контролите покажале дека само во 10 проценти од проверените аптеки има недостаток на лекови :

„Мислам дека ако се нема пари неможе и овие трансформации што се прават во палетите на лекови кои паѓаат на терет на Фондот и тие се прават поради дефицит во Фондот“, вели доктор Поповски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG