Воведувањето на розов или бел рецепт за набавување на лековите поголем број кумановци сметаат дека е дополнително губење време. Тие се согласуваат дека е неопходна контрола при купување на лековите, меѓутоа тешко е да се искорени долгогодишната навика кога лековите во аптека се купуваа како било кој производ во трговските дуќани.
„Тоа е добро, ама зависи за кого. Некој што стално го користи некој лек треба да оди за секое пакување да бара рецепти, а без рецепт не му го даваат. Некои велат дека ако е запишан во здравсвтената книшка може да се земе в аптека,но во некои аптеки го даваат, во некои не. Моето искуство е такво. Лекот ренатидин што постојано го земам го имам запишано во книшка. Некаде ми го даваат некаде не.“
Овој кумановец додава дека лекот секогаш го има во секоја аптека, што е една од олеснителните околности.
Состојбата е отежната за оние кои живеат на село каде што се нивните матични лекари. Овие граѓани кога имаат потреба од специјалистички прегледи мораат да се враќаат кај матичниот лекар на село за да тој им издаде рецепт, а потоа пак дадоаѓаат во Куманово за да го земат лекот.
„Не е во ред. Ако под итно ти треба лек губиш време. Подобро е да може лекот да се купи.“
Кумановци кои живеат во западноевропските земји велат дека таму е неопходно лекот да се набавува со лекарски рецепт.
„Ние живееме во Германија.Таму мора лековите да се земаат со рецепт, особено антибиотиците кои луѓето овде неконтролирано ги употребуваат. Сосема е во ред лековите да се земаат со рецепт.“
Велат овие гастарбајтери.
Во тек е воведување примена и на таканаречените хронични рецепти на кои лекарот може да препише терапија за три месеци. Со розовиот рецепт граѓаните можат да го набават лекот во рок од 90 дена, во рок од пет дена за акутните болести и за зависниците од опијатите. За набавување витамини и билни препарати лекарските рецепти не се потребни. И како што се вели секое чудо поминува за три дена,не е исклучено дека и ова ќе помине, а граѓаните лековите ќе ги набавуваат само со розов или бел рецепт. Согласно воведената регулатива.
Тоа е добро, ама зависи за кого. Некој што стално го користи некој лек треба да оди за секое пакување да бара рецепти, а без рецепт не му го даваат.
„Тоа е добро, ама зависи за кого. Некој што стално го користи некој лек треба да оди за секое пакување да бара рецепти, а без рецепт не му го даваат. Некои велат дека ако е запишан во здравсвтената книшка може да се земе в аптека,но во некои аптеки го даваат, во некои не. Моето искуство е такво. Лекот ренатидин што постојано го земам го имам запишано во книшка. Некаде ми го даваат некаде не.“
Овој кумановец додава дека лекот секогаш го има во секоја аптека, што е една од олеснителните околности.
Состојбата е отежната за оние кои живеат на село каде што се нивните матични лекари. Овие граѓани кога имаат потреба од специјалистички прегледи мораат да се враќаат кај матичниот лекар на село за да тој им издаде рецепт, а потоа пак да
Не е во ред. Ако под итно ти треба лек губиш време. Подобро е да може лекот да се купи
„Не е во ред. Ако под итно ти треба лек губиш време. Подобро е да може лекот да се купи.“
Кумановци кои живеат во западноевропските земји велат дека таму е неопходно лекот да се набавува со лекарски рецепт.
„Ние живееме во Германија.Таму мора лековите да се земаат со рецепт, особено антибиотиците кои луѓето овде неконтролирано ги употребуваат. Сосема е во ред лековите да се земаат со рецепт.“
Ние живееме во Германија. Таму мора лековите да се земаат со рецепт, особено антибиотиците кои луѓето овде неконтролирано ги употребуваат. Сосема е во ред лековите да се земаат со рецепт.