Достапни линкови

Дневен печат - Лекови на рецепти ниту за лек


Дневни весници, неделници....
Дневни весници, неделници....

Дневните весници, изминативе денови се занимаваат со теми од здравството. Најпрво Дневник и Вечер пишуваат дека во аптеките, по распределбата на новите квоти, нема лекови на рецепт. Весниците пишуваат и за акцијата на МВР во која беа уаспени повеќе доктори поради нелегално доделување инвалидски пензии.

Изгледа здравството навистина ни е болно, како што констатираат многумина, и тоа најмногу треба да се лечи. Но, со кои лекови? Деновиве се актуелни токму лековите. „Лекови на рецепти ниту за лек“, пишува Дневник, цитирајќи ги рачнонапишаните
Лекови на рецепти ниту за лек.
известувања на вратите на многу аптеки во Скопје дека лекови ќе нема до 1 мај. „По распределбата на новите квоти, аптеките останаа без лекови на рецепт“, забележува Вечер, а за овој проблем јавуваат и другите електронски изданија на весниците.

Деновиве, особено актуелна беше операцијата „Метастаза“, поточно апсењето на четириесетина лекари и вработени во Пензиско-инвалидскиот фонд поради незаконските доделувања инвалидски пензии, за што наплатувале од 1500 до 4 илјади евра. Нова
Оперирале пензии, добија лисици.
Македонија оди со насловот „Лисици за криминалот околу инвалидските пензии“, а Време забележува дека „Оперирале пензии, добија лисици“. Дневник, за истата акција вели дека „Лекарите ги раздени притвор“.

За тоа дека министерот за правда Маневски ја помина интерпелацијата во Собранието пишуваат и јавуваа сите медиуми, изнесувајќи ги негативните факти што опозицијата ги искажа за сметка на работењето на овој министер кој се наведува како кочничар на сите реформи во доменот на правниот систем во државава. „Маневски ја преживеа интерпелацијата“, јавува Утрински,
Маневски ја преживеа интерпелацијата.
а Време констатира дека „Маневски остана недопирлив“. Нова Македонија, информацијата ја насловува со: „Маневски милуван од Груевски, а сепак остана сам“, пренесувајќи ги тврдењата на опозицијата дека Маневски е помилуван од Груевски зашто не дозволува одредени афери поврзани со името на премиерот да доживеат судски епилог, и дека пратениците од неговата партија не искажале ниту збор во негова лична одбрана, освен три-четворица.

Во изминативе денови, сите медиуми се занимаваа со смената или со упадот, како што го нарекоа повеќе претставници на „седмата сила“, во Сојузот на синдикатите на Македонија. Дневник насловува дека „Митревски седна во фотелјата на Муратовски“; а Време го цитира новиот претседател на Синдикатот дека неговиот избор бил легитимен и дека не го загрижува најавата на Муратовски дека ќе го тужи на суд.

Има и нови закачки меѓу Исламската верска заедница и Владата. Време објавува дека „ИВЗ ја обвинува Владата дека ги дели граѓаните на верска основа“, а Утрински дека со измените на Законот за денационализација, со кој Старата скопска чаршија комплетно е прогласена за културноисториско наследство и со тоа ИВЗ ќе остане без имотот кој претендира дека е нејзин во Старата чаршија. Утрински го цитира поглаварот на Заедницата, Реџепи, кој вели дека Владата потврдила дека води дискриминаторска и исламофобична политика.

Дневник, на насловната јавува за протестите на студентите Роми и на жителите на Шуто Оризари пред Владата и пред Канцеларијата на ЕУ во Скопје поради неодамнешниот инцидент помеѓу полицијата и пазарџиите во таа општина.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG