Достапни линкови

Одбојкарите почнуваат со квалификациите за ЕП


Одбојка
Одбојка

По речиси двегодишна пауза, сениорската одбојкарска репрезентација на Македонија се враќа на меѓународната сцена со настап во квалификациите за ЕП кое во 2011-та година ќе се одржи во Чешка и во Австрија. Противници во групата Ф, ни се Холандија, Португалија и Шведска.

Со репрезентациите од нашата група ќе се сретнеме на два турнира од кои првиот е од петок до недела во салата Борис Трајковски во Скопје. Според рејтингот, Македонија е втора во оваа конкуренција, а на таа позиција се најде по бараж двомечот со Чешка, за претходното ЕП. Затоа и сега очекувањата се во најмала рака да го повториме тој резултат.
Нашата цел во овие квалификации, освојување на второто место кое води во баражот. Се преку тоа би било преголем успех, се под тоа би било на некој начин неуспех иако имаме силна група. Целта е поставена на претходните квалификации кога бевме втори и сега нема бегање од второто место.


„Нашата цел во овие квалификации, освојување на второто место кое води во баражот. Се преку тоа би било преголем успех, се под тоа би било на некој начин неуспех иако имаме силна група. Целта е поставена на претходните квалификации кога бевме втори и сега нема бегање од второто место“, изјави селекторот Светислав Пеица.

Тој и неговите избраници, барем во овој момент, не се оптоваруваат со Холандија, која е голем фаворит за првото место, а со тоа и за директен пласман на Еуро. Од друга страна постои убеденост дека Шведска, која ја имаме совладано четири пати, нема да ни биде посериозна пречка на патот кон септемврискиот бараж. Затоа, за остварување на таа цел, според либерото Жарко Ристоски, пресудни ќе бидат дуелите со Португалија, која во минатото играше на врвната сцена, а сега е само за едно место послабо рангирана од нас.

„Клучен би бил вториот натпревар кој што го играме против Португалија. Доколку успееме да ги изненадиме ако може така да се каже бидејќи реално тие се мнгу квалитетен противник тоа би било клучот за освојување на второто место“, рече Ристоски, кој не крие дека е оптимист.

Тоа се должи на фактот што првиот турнир ќе го играме на домашен терен, како и на подготвеноста на играчите, иако дел од нив не ги одработија во целост едномесечните тренинзи во чии рамки беа одиграни 6 контролни дуела со Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија.

„Сите играчи што дојдоа од тие клубови, сите ги играат тие завршници. Плеј оф или плеј аут, дојдоа во добра физичка подготовка така што овие две недели бидејќи сме сите заедно, тренинзите се на добро ниво и секој ќе го даде максимумот за постигнување на целта“, додаде Ристоски.

Инаку, вториот турнир од групата Ф, по кој ќе биде познат конечниот пласман на репрезентациите, ќе се одигра во Ротердам, во последниот викенд од овој месец.
XS
SM
MD
LG