Македонските одбојкарски трофеи, остануваат во витрините на Работнички. Во штотуку завршената сезона, железничарите ја одбранија двојната круна, откако го совладаа Безбедност во финалето од првенството и Купот. Со тоа стигнаа до 16-тата шампионска титула, што е голем успех на клубот кој остана без спонзорот Фершпед и комплетниот играчки кадар, со исклучок на Дејан Симовски. Тој, со претходните резерви, цела сезона играше речиси за без пари, а клубот се мачеше со исплаќањето на судиите, трошоците за користење сала и со превозот за натпреварите. Но, тоа на теренот беше потиснато во втор план, па во финалните дуели не му беше дадена посериозна шанса на Безбедност, кој во првенствениот дел им нанесе пораз без загубен сет. Затоа и задоволството во Работнички е големо и се истакнува дека ова е највредна титула, иако е освоена во лига со скромен квалитет.
„Ние не го освоивме сето ова со некој преголем квалитет, туку тоа се должи многу повеќе на слабоста на другите екипи кои не напредуваа многу и годинава. Неизвесноста ја донесе опаѓањето на квалитетот на Работнички. Што значи, квалитетот на лигата не беше на нивото на она што ние би сакале да биде, затоа што Работнички и не можеше да го достигне тоа ниво“, изјави тренерот на Работнички, Јошко Миленковски.
Тој е загрижен поради актуелната ни малку пријатна реалност на клупската одбојка, која оди по надолна линија. Тоа мора да запре, за што се потребни неколку предуслови.
„Да се подобри лигата, треба да бидат подобри клубовите, за тоа се потребни добри финансиски услови и спонзори. Сигурно дека треба поголема масовност во сите категории. Сето тоа треба македонската одбојкарска федерација да го организира на многу повисоко ниво.“
Поранешниот селектор на нашата одбојкарска репрезентација Јошко Миленковски сака да биде оптимист кога е во прашање иднината на неговиот Работнички. Сепак, признава дека во моментов нема многу причини за такво нешто и дека на клубот кој имаше значајни настапи на европска сцена, му се заканува згаснување. Тоа никој не го посакува, но...
„Ако клубот во блиска иднина, односно до јуни не успее да најде стабилен спонзор, јас не сум оптимист дека во иднина ќе биде нешто подобро. Работнички или ќе биде клуб со реномето кое го имал во европската одбојка или подобро да ја запре својата активност“, истакна на крајот Јошко Миленковски.
Ние не го освоивме сето ова со некој преголем квалитет, туку тоа се должи многу повеќе на слабоста на другите екипи кои не напредуваа многу и годинава. Неизвесноста ја донесе опаѓањето на квалитетот на Работнички. Што значи, квалитетот на лигата не беше на нивото на она што ние би сакале да биде, затоа што Работнички и не можеше да го достигне тоа ниво.
„Ние не го освоивме сето ова со некој преголем квалитет, туку тоа се должи многу повеќе на слабоста на другите екипи кои не напредуваа многу и годинава. Неизвесноста ја донесе опаѓањето на квалитетот на Работнички. Што значи, квалитетот на лигата не беше на нивото на она што ние би сакале да биде, затоа што Работнички и не можеше да го достигне тоа ниво“, изјави тренерот на Работнички, Јошко Миленковски.
Тој е загрижен поради актуелната ни малку пријатна реалност на клупската одбојка, која оди по надолна линија. Тоа мора да запре, за што се потребни неколку предуслови.
„Да се подобри лигата, треба да бидат подобри клубовите, за тоа се потребни добри финансиски услови и спонзори. Сигурно дека треба поголема масовност во сите категории. Сето тоа треба македонската одбојкарска федерација да го организира на многу повисоко ниво.“
Работнички или ќе биде клуб со реномето кое го имал во европската одбојка или подобро да ја запре својата активност.