Достапни линкови

Поплави во Кумановско


Излевање на реката Пчиња
Излевање на реката Пчиња

Излевањето на реката Пчиња и поплавите на околу 4 илјади хектари обработливо земјиште во Козјачко-Пчињскиот регион и огромната штета, е причината поради која Општината Старо Нагоричане прогласи елементарна непогода.

Ова е четврта поплава годинава, а земјоделците од овој регион се загрижени. Тие егзистираат главно од земјоделие, а посевите водената стихија целосно им ги уништила. Малите мостови се однесени од водата, а поголемите кај селата Коинце, Враготурце и Драгоманце се во загрижувачка состојба.
Штетата е огромна од Коинце до Стрезовце. Вторпат сме поплавени. Не може да с евлезе во нивите. Гравот,пченката, компирите кои по втор пат ги садевме, се е уништено. Детелината за добитокот исто така. Од земјоделието нема ништо.


„Штетата е огромна од Коинце до Стрезовце. Вторпат сме поплавени. Не може да с евлезе во нивите. Гравот,пченката, компирите кои по втор пат ги садевме, се е уништено. Детелината за добитокот исто така. Од земјоделието нема ништо“, велат жителите од поплавените села.

Водената ситихија навлегла и во угостителските објекти покрај Пчиња, бањата Срновац, како и дел од Меморијалниот центар АСНОМ. Директорот на Музејот од Куманово Јовица Станковски вели:

„Засега не е загрозен Музејскиот комплекс АСНОМ. Се чисти околу него, се надеваме дека нема да има дожд.“

Општинскиот совет во Старо Нагоричане, Штабот за цивилна заштита и Комисијата за утврдување на штетите постојано се на терен и прогласена е елементарна непогода.
Ова не се памети со стотици години. Штетата е на три до 4000 хектари земјоделски површини

Куманово


„Ова не се памети со стотици години. Штетата е на три до 4000 хектари земјоделски површини: Работиме на санација на мостот во Враготурце за децата да можат да одат на училиште. Од Владата ќе бараме помош за дел од санациите на штетите, но мора да с еизготви проект за регулирање на речното корито“, вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

Тој додава дека надоместокот на штетите на земјоделците ќе биде согласно законските одредби.

„Постои расположение на Владата на РМ да помогне на Општината Старо Нагоричане.“

Жителите чии што имоти се уништени од надојдената водена стихија велат дека годинава нема да имаат никакви резултати од реколтата. Им останува да се надеваат дека сепак петти пат годинава нема да надојде Пчиња.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG