Достапни линкови

Неделен печат - „Ем супата ќе ја сркаме, ем ќотек ќе јадеме“


Весници, магазини, неделници, печат
Весници, магазини, неделници, печат

Со ваков наслов неделникот Фокус донесува анализа за актуелните политики на Владата, која според неделникот придонесува за поделба на народот по сите линии и како ќе заврши со фијаско. Глобус, пак, се занимава со состојбите во македонската дипломатија.

„Ем супата ќе ја сркаме, ем ќотек ќе јадеме“ е насловен уводникот на неделникот Фокус, кој, иако, во извесна мера песимистички, сметам дека треба да добие свое место во овој преглед на пишувањето на неделниците. Политиката на Груевски, пишува
Што правиме, значи, сега, доколку се случи ем неповолен компромис за името да правиме, ем уште едно понижување од Албанците да доживееме.
неделникот, која го подели народот по сите линии, ќе заврши со целосно фијаско. Како што, впрочем, можеше и да се очекува од човек чии идеи останале цврсто вкопани во минато свршено време. За жал, сите ќе ги почувствуваме последиците од катастрофата во која забрзано не' води, заклучува уводничарот на Фокус. Пред распад се мувлосаните идеи на Груевски за државата, нацијата, демократијата, пазарната економија, човековите права… Во опасност сме од ново понижување, овојпат без ниту еден испукан куршум, пишува неделникот, па завршува со прашање: „Што правиме, значи, сега, доколку се случи ем неповолен компромис за името да правиме, ем уште едно понижување од Албанците да доживееме, како инатливото дете кое ја исркало супата, ама не куртулило и од ќотек“.
Изрешетаното комбе од инцидентот кај Радуша

Форум е фокусиран врз оружениот инцидент кај село Радуша, деновиве, кога од страна на полициските специјалци беа убиени четирмината шверцери со нелегално оружје. Шверц или дестабилизација, прашува неделникот, а во насловот на статијата како да дава одговор: „Тежината на молкот“. Форум се чуди за молкот на, буквално, како што пишува, сите партии, за
Тежината на молкот.
некој, како што пишува, случајно да не почнел да си ја ишка сам мувата од капата, и за молкот на речиси сите политичко-воени аналитичари, од кои бил побаран коментар. Форум прави неколку претпоставки за можните цели на нелегалните арсенали оружје: ако се земе предвид сегашнава политичка ситуација во земјава, притисокот поради спорот со името, чувството на пониженост на кое се жалат албанските политички партии, или, пак, само желба за дефокусирање од тешките економски проблеми, претпоставките можат да одат во сите правци, заклучува Форум.

Глобус објавува поширока анализа на состојбите и кадровската опременост на нашата дипломатија, со загрижувачки наслов:
Амбасадори за мајтап.
„Амбасадори за мајтап!“, при што забележува дека македонската дипломатија, како елитна државна служба, и во земјава и во странство, станува препознатлива и позната, пред се', по гафови и афери. Неделникот акцентира дека ситуацијата во МНР и во дипломатијата е последица на остварување на планот за инсталирање на влијанието на ВМРО-ДПМНЕ во сите сегменти на македонското општество, а дека дипломатијата е колатерална штета!
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG