Холанѓаните велат дека Македонија и нејзините туристички потенцијали како Охрид, мора повеќе да се рекламираат на нивниот туристички пазар, зошто има луѓе кои не знаат ни каде е нашата земја, а за да се избегнат комбинираните и напорни летови преку Европските центри и патот од Скопје за Охрид, според нив покрај директниот сезонски лет за нашиот главен град, подобро би било да се воспостави директен авио лет Амстердам-Охрид.
„Ова ми е трет пат како доаѓам во Охрид, каде прв пат бев пред 30 години. Охрид многу ми се допаѓа, тоа е прекрасен град, каде би дошла повторно. Има што да се види тука, за нас посебно привлечни се малите цркви какви што нема во Холандија, планините, а и домаќините се пријатни, разговорливи и доста комуникативни со нас.“
„Познавам многу луѓе што знаат дека нашиот писател Ден Долард живеел во Охрид и ја прочитале неговата книга „Свадбата на седумте цигани“ преку која Холанѓаните дознаа за овој прекрасен град, а таа е задолжително четиво и во училиштата во Холандија. А оние, пак, што доаѓаат тука знаат дека прекрасни се планините, чистиот воздух, тивките места, луѓето, езерото, а посебно вкусна е рибата“, велат туристи од Холандија.
„Секогаш многу убаво сме поминувале и живееле со Холанѓаните. Јас верувам дека сега со овие нови преземања што ги има амбасадата на Холандија, тур-операторите и општина Охрид, дефинитивно Холанѓаните ќе бидат најбројни гости во Охрид. Сметам дека кога ќе дојдат Холанѓаните, по нив тоа ќе го сторат и други туристи од Германија, Англија и други држави. Затоа за нас многу значи што Холанѓаните повторно се враќаат во Охрид“, вели охридскиот градоначалник Александар Петрески.
„Не познавам ниту еден жител на Холандија кој ги посетил Македонија и Охрид и потоа не станал амбасадор на оваа држава. Вие имате прекрасно чувство за гостопримство, одлична кујна и одлични услови за развој на туризмот и се надевам дека се поголем број на Холандски туристи ќе ја посетуваат Македонија, вклучувајќи го и Охрид“, вели Холандската амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини.
Таа потврди дека заедно со охридската локална самоуправа и многу организации работат на заеднички туристички проекти за Охрид. Холанѓаните што доаѓаат во Охрид можат да го видат новиот Холандски парк кај возобновениот споменик на писателот А. Ден Долард, до градскиот езерски кеј кај мостот Студенчишта, кој ќе се прошири и разубави со Холандско цвеќе. Уреден во стилот на холандската земја испресечена со канали, паркот го симболизира македонско-холандското пријателство, нудејќи им топол амбиент на холандските туристи, кои тука се чувствуваат како дома. Ова лето се очекува во Македонија и Охрид да дојдат околу пет илјади туристи од Холандија.
Ова ми е трет пат како доаѓам во Охрид, каде прв пат бев пред 30 години. Охрид многу ми се допаѓа, тоа е прекрасен град, каде би дошла повторно.
„Ова ми е трет пат како доаѓам во Охрид, каде прв пат бев пред 30 години. Охрид многу ми се допаѓа, тоа е прекрасен град, каде би дошла повторно. Има што да се види тука, за нас посебно привлечни се малите цркви какви што нема во Холандија, планините, а и домаќините се пријатни, разговорливи и доста комуникативни со нас.“
„Познавам многу луѓе што знаат дека нашиот писател Ден Долард живеел во Охрид и ја прочитале неговата книга „Свадбата на седумте цигани“ преку која Холанѓаните дознаа за овој прекрасен град, а таа е задолжително четиво и во училиштата во Холандија. А оние, пак, што доаѓаат тука знаат дека прекрасни се планините, чистиот воздух, тивките места, луѓето, езерото, а посебно вкусна е рибата“, велат туристи од Холандија.
Познавам многу луѓе што знаат дека нашиот писател Ден Долард живеел во Охрид и ја прочитале неговата книга ,,Свадбата на седумте цигани" преку која Холанѓаните дознаа за овој
прекрасен град.