Тоа ќе се случи во периодот од 24-ти мај до 9-ти јуни, кога осум национални тимови ќе се борат за европската титула на четири стадиони во Скопје и во Куманово. На нив, нема сомнение, ќе го видиме европскиот женски крем до 19 години. Но, за нас, во ситуација кога овој спорт е на самите почетоци, уште позначајно е тоа што ќе имаме можност да ги одмериме силите со селекции со долга традиција, а тоа:
„Треба да донесе искуство, како да се организираме, како да се тренира, како да го сакаме женскиот фудбал и како да го зголемиме и да биде помасовен женскиот фудбал во Македонија“, изјави селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Добре Димовски.
Имајќи го предвид скромниот квалитет, тој е свесен дека сме апсолутни аутсајдери и не очекува некои спектакуларни резултати. Но, во свое и во име на своите избранички, од кои половината играат и за сениорската репрезентација, ветува максимално залагање и достоен настап против многу поквалитетните противници.
„Ќе играме одговорно, ќе го дадеме својот максимум, ние многу добро ги знаме противниците, девојчињата се подготвени, за мене во овој момент резултатот е во втор план, но секој добар резултат што ќе го постигнат ќе бидат нагредени во поглед на она големо признание дека играат во дресот на Македонија, дека го сакаат фудбалот.“
Димовски, пред настапот на евро-шампионатот, планира десетдневни подготовки во Дојран, и одигрување на контролни дуели со репрезентацијата на Словенија.
Инаку, Европското првенство за фудбалерки до 19 години ќе биде отворено на 24-ти мај на Арената Филип Втори во Скопје со дуелот Македонија - Шпанија. Во нашата Б група се и селекциите на Холандија и Франција, додека во групата А, жрепката ги смести националните тимови на Англија, Шкотска, Италија и бранителот на трофејот, Германија.

Ќе играме одговорно, ќе го дадеме својот максимум, ние многу добро ги знаме противниците, девојчињата се подготвени, за мене во овој момент резултатот е во втор план.