Жителите на прилепското село Крушеани се крајно вознемирени и загрижени за својот живот, зашто при секој дожд, како што велат, доаѓа до спој во ормарот на трансформаторот од каде што се снабдуваат со електрична енергија дел домаќинства од центарот на селото. Тие остануваат често без струја, стравуваат и чувствуваат дека има зголемен напон, а деновиве беше избегната вистинска трагедија. На дождливо време електричното поле што се создало околу трансформаторот усмрти 3 крави и како што тврдат жителите го доведе во животна опасност и едно 9 годишно момче. Драмата се одиграла пред очите на малиот Игор Ѓоргоски, кој што кравите ги довел до ширинката околу трансформаторот. Неговата мајка Каролина Ѓоргоска вели дека се пресреќни што во целата оваа несреќа синот им останал жив и здрав. Соседот Томе Дивјакоски, кој живее на 20 метри од локацијата каде што ЕВН избрала да го постави трансформаторот, тврди дека откако оваа инсталација е тука со години немаат мир, живеат во постојан страв дека ќе доживеат струен удар.
„Имаме мака. Постојано зуи напонот на струјата, сите апарати ни горат, над 270 до 300 волти е.“
„Ако се пушти повторно и ова не е прв пат, сега кога беа дождовите со ветерот силен, жиците спој фаќаaт“, вели и Тања Дивјакоска.
Таа додава дека луѓето најмногу се плашат за своите деца, кои секој ден играат токму на таа ширинка. Крушеанци од друга страна стравуваат и за добитокот, зашто велат најголем дел од нив одгледуваат стока и така ја обезбедуваат својата егзистенција. Од ЕВН, пак, тврдат дека во Крушеани немало никаков проблем со заземјувањето. Дека тоа го покажале резултатите од последните контроли во селото. Според портпаролот Атанас Ковачевски се претпоставува дека инцидентот е предизвикан од дождливото време. Најверојатно во ормарот влегла вода и се создал повратен напон во момент кога добитокот се допрел до него. Но, овој повратен напон е опасен само за четириножниот добиток, не и за луѓето, изјавуви Ковачевски.
За крушеанци, оваа констатација не е утеха. Тие бараат ЕВН да го дислоцира трансформаторот и да го обезбеди.
Ако се пушти повторно и ова не е прв пат, сега кога беа дождовите со ветерот силен, жиците спој фаќаaт.