Достапни линкови

Обама: САД ќе успеат во Авганистан


Претседателите на Авганистан и САД Карзаи и Обама во Кабул
Претседателите на Авганистан и САД Карзаи и Обама во Кабул

Барак Обама престојуваше во неколкучасовна, ненајавена посета на Авганистан, негова прва, откако стана американски претседател. Тој на авганистанските власти им порача дека борбата против корупцијата мора да соодетствува со воените постигнувања против екстремистите во регионот.

Претседателот Барак Обама, кој за прв пат престојуваше во Авганистан како американски врховен командант, пред околу 2,5 илјади американски војници во воздушната база Баграм им заблагодари за нивната пожртвуваност во војната која трае веќе девет години.

„Ќе има извесни тешкотии во иднина. Ќе има пречки. Се соочуваме со самоуверен непријател. Но, вие исто така знаете дека Соединетите држави кога ќе почнат нешто не се откажуваат.“

Обама додаде дека тие се таму за да им помогнат на Авганистанците за да го чуваат, како што изјави, тешко стекнатиот мир и оти нивната работа е од витално значење за безбедноста на Американците.

„Видовме насилни екстремисти истуркани од нивните светилишта. Ние презедовме големи удари против раководството на Ал Каеда, како и против талибанците.“

Обама предупреди дека Ал Каеда останува закана, и додаде дека, во случај талибанците да ја вратат контролата во земјата, тоа ќе биде закана и за Соединетите Држави. Веднаш по пристигнувањето во Кабул, Обама се состана со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи од кој побарал поефикасна борба против корупцијата. Карзаи по средбата изрази надеж дека партнерството меѓу двете земји ќе
Видовме насилни екстремисти истуркани од нивните светилишта. Ние презедовме големи удари против раководството на Ал Каеда, како и против талибанците.
помогне во создавањето стабилен и мирен Авганистан.

Белата куќа, исто така, соопшти дека Обама го поканил Карзаи на 12 мај да го посети Вашингтон. Тоа е прва негова покана откако ја презеде функцијата, по минатогодишните контроверзни избори. Советникот за национална безбедност, генерал Џејмс Џонс изјави дека Карзаи во овој втор мандат треба да сфати дека постојат работи против кои мора да се бори, а на кои досега не им обрнувал доволно внимание.

Обама го посети Авганистан во 2008 година, односно за време на американската претседателска кампања, но досега не бил таму и како американски претседател.

Минатата година, Обама нареди распоредување на дополнителни 30.000 американски војници во Авганистан, а половината на идната година ја посочи како година на нивно повлекување од таа земја. До крајот на годинава во таа земја треба да има 100 илјади американски војници и 40 илјади војници од НАТО.

U.S. President Obama Visits Afghanistan
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:16 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG