Повеќе од 15 илјади војници од Соединетите држави, Британија, Авганистан и други земји во саботата ја почнаа операцијата Моштарак, која на дари јазикот значи Заедно, најголемата офанзива на сојузниците од уривањето на талибанскиот режим по американската инвазија кон крајот на 2001 година.
Операцијата има за цел протерување на Талибанците од едно од нивните последни големи упоришта во јужен Авганистан. Гувернерот на провинцијата Хелманд Гулаб Мангал за Радио Слободен Авганистан изјави дека од офанзивата ќе имаат корист жителите на Хелманд, како што впрочем било и со претходните слични операции во таа провинција:
,,По операциите во Гармсаир, Нава, делови од Надали и Навзад, на луѓето им беше дадена широка можност за работа. Истото ќе биде направено во Maрџа, бидејќи голем број од воените единици ќе останат во областа за да ја обезбедуваат стабилноста.,,
Воени извори потврдуваат дека единици составени од американски маринци и авганистански војници освоиле поголем дел одМарџах, но се уште имало спорадични битки. Се напредувало бавно, куќа по куќа, со оглед на поставените нагазни мини.
Бригадниот генерал Лери Николсон, командант на маринците во јужниот дел на Авганистан, изјави дека расчистување од мините во градот најверојатно ќе потрае најмалку 30 дена. Сојузниците се соочувале и со познатата тактика на милитантите удри и бегај, дури и во делови на градот кои претходно биле освоени од НАТО.
,,Има помали престрелки и непријателски активности, но тие искрено кажано се многу, многу мали. Мислам дека талибанците се изненадени од нашата операција.,,
Изјави британскиот мајор Мајк Тејлор. Портпаролот на талибанците Кари Јусеф Ахамади изјави дека отпорот во Марџах бил силен, а операцијата на НАТО ја карактеризира како трик за да се сврти вниманието на јавноста.
Според некои наводи, во тој град кој е познат како центар на талибанската активност и на производството на опиум имало илјадници милитанти. По завршувањето на офанзивата НАТО се надева дека ќе успее да ја придобие поддршката од околу 125 те илјади луѓе кои живеаат во околината на Марџа. За таа цел претставници на Алијансата веќе одржале два состанока со локалните лидери.
Во меѓувреме, жителите на Марџа кои беа принудени да ги напуштат домовите и се сместени во кампови во старата престолнина на Хелманд Лашкар Гах се загрижени за нивната судбина. Еден од нив е и Хаџи Камал:
,,Ние дојдовме тука од Maрџах, и како што гледате, живееме во ужасни услови и со многу проблеми. Ние сме уништени.,,
Белата куќа соопшти дека секретарот за одбрана Роберт Гејтс и главниот американски командант во Авганистан, генерал Стенли Mеккристал денеска ќе одржат состанок со претседателот Барак Обама посветен на ситуацијата во Авганистан.
Операцијата има за цел протерување на Талибанците од едно од нивните последни големи упоришта во јужен Авганистан. Гувернерот на провинцијата Хелманд Гулаб Мангал за Радио Слободен Авганистан изјави дека од офанзивата ќе имаат корист жителите на Хелманд, како што впрочем било и со претходните слични операции во таа провинција:
,,По операциите во Гармсаир, Нава, делови од Надали и Навзад, на луѓето им беше дадена широка можност за работа. Истото ќе биде направено во Maрџа, бидејќи голем број од воените единици ќе останат во областа за да ја обезбедуваат стабилноста.,,
Воени извори потврдуваат дека единици составени од американски маринци и авганистански војници освоиле поголем дел од
Има помали престрелки и непријателски активности, но тие искрено кажано се многу, многу мали. Мислам дека талибанците се изненадени од нашата операција...