Ќе се разговара и за мерките кои властите во двете земји ги преземаат за спречување на оваа појава. Во МВР велат дека министрите ќе разменат информации и искуства во насока на намалување на бројот на граѓани што патуваат во Европа со цел да добијат статус азилант. Ќе се разгледува и дали има некаква поврзаност меѓу барателите на азил од двете земји и можната злоупотреба на визната либерализација.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Јанкулоска и Дачиќ ќе оджaт тет-а-тет средба, по што состанокот ќе продолжи со учество на одговорните за гранични работи во двете полиции. Министрите Јанкулоска и Дачиќ, последен пат се сретнаа во Брисел кон крајот на минатата година, кога беше објавено дека за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора нема да бидат потребни визи за туристички патувања во земјите од ЕУ. Дачиќ тогаш оцени дека постои добра регионална соработка во борбата против криминалот и корупцијата.
Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека соработката меѓу полициите на двете земји е на исклучително високо ниво.
„Редовно, двете полиции, како на високо, така и на пониско, оперативно ниво, разменуваат податоци кои се во интерес на двете служби за поефикасна борба против криминалот.“
Единствениот начин за поефикасно справување со посериозните облици на криминал е токму соработката и размената на релевантни информации, вели Котевски.
„Досегашната соработка, колку и да е добра, не смееме да се задоволиме со тоа ниво на соработка, туку треба да се работи на натамошно продлабочување.“
Премиерот и државниот секретар за азил и миграции на Белгија, која е на мета на балкансите баратели на азил, деновиве ги посетија Македонија и Србија и соопштија дека нема никакви шанси граѓаните на овие две држави да станат азиланти во нивната земја. Тие ги посетија деловите од кои има најмногу баратели на азил – липковскиот крај во Македонија и Прешево во Србија. Тие рекоа дека се во превентивна кампања и информираа дека во последните денови, во Белгија речиси и да нема нови баратели на азил од Македонија и од Србија. Првите групи барателите на азил од Македонија веќе почнаа да се враќаат назад.
Редовно, двете полиции, како на високо, така и на пониско, оперативно ниво, разменуваат податоци кои се во интерес на двете служби за поефикасна борба против криминалот