Достапни линкови

САД и Грција, секогаш пријатели


Претседателот на САД Барак Обама и премиерот на Грција Јоргос Папандреу во Белата Куќа
Претседателот на САД Барак Обама и премиерот на Грција Јоргос Папандреу во Белата Куќа

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу по средбата со претседателот Барак Обама во Белата Куќа изјави дека Обама позитивно реагирал на европските идеи за ставање крај на берзанските шпекулации со цел во иднина да се избегнуваат кризите како сегашната во Грција. Вашингтон конечно и со одлука да ги укине туристичките визи за Грците.

„Без оглед дали времињата се добри или лоши, народот на Грција секогаш ќе има пријател и партнер во Соединетите Американски Држави.“

Ова изјава на претседателот Барак Обама за време на приемот по повод Денот на грчката независност, 25 март, организиран во источната соба на Белата Куќа предизвика, како што јавуваат агенциите, голем аплауз меѓу присутните. Потсетувајќи на минатогодишната прослава Обама изјави:

„Мината година неговата екселенција се обиде да ме спореди со Александар Велики. Мислев дека тоа ќе ми донесе поголемо почитување од Мишел. Тоа не се случи. Тоа всушност ме потсети дека грчката литература е полна со многу силни жени.“

Изјави Обама кој посебно ги поздрави напорите на Грција и на премиерот Папандреу за стабилноста во регионот и за целосното интегрирање на Балканот во Европа. Од своја страна грчкиот премиер Папандреу изјави:
Без оглед дали времињата се добри или лоши, народот на Грција секогаш ќе има пријател и партнер во Соединетите Американски Држави.

„Во овие тешки времиња, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Барак Обама за неговата поддршка и доверба и можам да ве убедам господине претседател, како што можам да ја убедам Грчко американската заедница дека ќе сториме се што е потребно, нашата економија да ја изведеме на нов пат.“

Обама пак, воопшто не ги спомнал финасиските предлози на премиерот Папандреу кој, освен средбата со Обама се состанал и со спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси која по средбата порача дека Грција може да биде сигурна дека Соединетите држави ќе бидат со неа во овие, како што изјави, критични времиња.

Како поддршка на посетата на Папандреу на Вашингтон дојде и соопштението на секретарот за внатрешна безбедност Џенет Наполитано дека Грција конечно е ставена на списокот на земјите на чии граѓани не им потребна американска виза за туристички патувања. Повеќето европски држави веќе ја имаат таа привилегија, па ова прашање беше чувствително за грчката влада која со години бараше и Грција да биде вклучена во таа програма.

Престојот на Папандреу во Вашингтон заедно со министерот за финансии Јорго Папаконстатину доаѓа во моменти кога Грција се обидува да се исчекори од економската дупка која се прошири откако Социјалистичката партија во октомври лани дојде на власт. Според Папандреу, решението лежи во поддршката на земјите на Европската унија и во реформите во берзанското тргување. Папандреу изјави дека за ова ќе разговарало на состанокот на Групата 20 најразвиени земји што треба да се одржи во јуни годинава.

На средбата меѓу Обама и Папандреу станало збор и за грчката иницијатива сите земји од регионот на Западен Балкан да станат членки на Европската унија до 2014 година,што, според Папандреу, ќе придонесе за стабилизација на мирот во поширокиот регион и за решавање на специфичните билатерални проблеми.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG