Достапни линкови

Кина им се налути на САД


Далај Лама и Барак Обама во Белата Куќа
Далај Лама и Барак Обама во Белата Куќа

За Кина средбата меѓу американскиот претседател Барак Обама и тибетскиот духовен лидер во егзил Далај Лама е мешање во внатрешните работи. Од Вашингтон се бара да не ја подржува независноста на Тибет. Обама пак ги подржа зачувувањето на културата и човековите права на Тибет.

Кинеската влада гo повика американскиот амбасадор во Пекинг, во знак на протест поради тоа што Американскиот Претседател Барак Обама во Вашингтон оствари средба со прогонетиот тибетски будистички духовен лидер Далај Лама. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека со средбата во Белата куќа, Вашингтон ја наруши одлуката на владата на Соединетите Држави со која се прифаќа дека Тибет е дел од Кина.

„Ма Заоџи рече дека Кина е многу незадоволна и силно се противи на средбата и бара од САД сериозно да го разгледаат кинескиот став за ова прашање и веднаш да превземат мерки да се елиминира негативното влијание. Да не се подржува независноста на Тибет и анти - кинеските сили“
Вашингтон да не подржува независност на Тибет

Ја пренесе спикерот на државната телевизија изјавата на портпарлот на кинеското Mинистерство за надворешни работи според која, со одржувањето на средбата сериозно се повредени кинеско американските односи а тоа преставува и мешање во внатрешните работи на Кина. Заменик министерот за надворешни работи Кју Тианкуи сево ова му го презентирал на Амбасадорот на САД во Пекинг, Џон Хунтсман. По вчерашните разговори со американскиот Претседател Барак Обама, Далај Лама пак изјави.

"Јас зборував со претседателот Барак Обама за промоција на човековите вредности, со цел да му се донесе мир на светот мир на семејствата и мир меѓу индивидуите“

Кинеската влада, како што е познато, го обвинува духовниот лидер на Тибет во егзил Дала Лама дека е поврзан со немирите во Тибет на кои се бара оделување на регионот од Кина. Далај Лама пак постојано повторува дека бара поголема автономија за Тибет од Кина.
Ние зборувавме за промоција на човековите права и мирот

"Луѓето мора да ги почитува сите големи светски религиозни традиции во светот. Тоа е основа за вистинска хармонија меѓу различните религиозни традиции."

Белата куќа соопшти дека Претседателот Барак Обама му рекол на Далај Лама дека тој ги поддржува зачувувањето на тибетската култура и човековите права на луѓето на Тибет. Барак Обама исто така им дал потик на напорите на Далај Лама за разговори со кинеската влада.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG