Стотина од околу 400 ситни стопанственици од Куманово изненадени и вчудовидени од решенијата добиени од УЈП за ненавремено пријавување на Данокот на додадена вредност, поради повеќедневни празнувања во јануари. Казните се до пет илјади евра, а стопанствениците велат дека тоа не е нивна грешка и очекуваат надлежната институција да има разбирање за нив. Во спротивно ќе ги затворат фирмите и ќе станат социјални случаи.
„Добивме извршно решение за ненавремено поднесување даночна пријава до 15 јануари. Грешка е што книговодителот поднел пријава со нецелосни податоци поради што била одбиена. Ако државата е оштетена за два дена доцнење тогаш ќе ја платиме таа штета, оти казната е 4 илјади евра, залиха на стоката во дуќанот е 300 илјади денари, долгот кон добавувачите 200 илјади денари, а слободни средства се 100 илјади денари. Работиме од 1996 година. Државата треба да размисли дали треба да работиме или сите да затвориме.“
Вели Мирослав Денковски сопственик на малопродажен дуќан за прехрана. Автопревозникот Игор Стојковски вели дека не може да сфати како е можно за само еден ден доцнење да плати толку висока казна, а од друга страна на јавните претпријатија да им се овозможи рок од десет години.
„Има и опростени долгови, за некои државата е мајка, за некои маќеа.“
Чедо Ивановски вели дека во поранешната пракса пријавите биле примани и со нецелосни документи.
„Порано удираа печат и штембил дека е пријавено, а ако нешто недостаува дополнително се носат документи како што сега било направено во Скопје и тоа не е прекршок.“
„Министерот Ставрески велеше дека ќе има толеранција, а сега нема толеранција. Пријавите не се поднесени поради тоа што имале гужва и одложиле за следниот ден или во понеделник кога веќе било доцна. Законот треба да се почитува, но пријавата ние ја добивме на 13 јануари, а на 15-ти веќе рокот бил пробиен.“
Вели Столе Стојмановски. Тој додава дека очекуваат толеранција, а во спротивно ќе преземаат и други мерки.
Ранко Илиевски пак раскажува дека преку Бирото за вработување од УНДП добил три илјади неповратни средства за самовработување, а казната за неажурност е 5 илјади евра.
„Да ги затворам дуќаните и сите четворица сега вработени да бидеме социјални случаи, оти данокот ми е 380 денари. Така и ние ќе се приклучиме на армијата невработени во Македонија.“
Вели Илиевски. По разговор со надлежните во кумановската УЈП стопанствениците протестот го одложија за вторник кога треба да добијат одговор од Дирекцијата на УЈП. Доколку тој е негативен тогаш ќе се договорат за натамошни мерки.
Има и опростени долгови, за некои државата е мајка, за некои маќеа

Министерот Ставрески велеше дека ќе има толеранција, а сега нема толеранција. Пријавите не се поднесени поради тоа што имале гужва и одложиле за следниот ден или во понеделник кога веќе било доцна