На македонскиот мултиетнички терен не може да се изоди ниту првиот чекор од проектот на ОБСЕ „Чекори кон интегриран образовен систем“ промовиран кон крајот на летото. Се почна од идејата да се зближат учениците Албанци и учениците Македонци, а заврши со разногласие меѓу сите учесници. Колку е поцврста одлуката на министерот за образование Никола Тодоров првачињата Албанци да учат македонски, толку е поцврста одлуката кај нив таа одлука да се бојкотира.
,,Кај нас не се спроведува оваа иницијатива на Владата, по иницијатива на родителите. Ние како директори ниту сме тука вмешани, јас сум разговарал со учителките и тие имаат доставено изјави дека го почитуваат мислењето на родителите."
,,Тоа е заеднички став и на градоначалникот и директорите и другите релевантни структури во Струга."
Изјавија директорот на ОУ ,,Браќа Миладиновци" од Струга и градоначалникот на овој град Рамиз Мерко. Мерко вели дека ниту по долготрајни убедувања, ниту пак обука на наставниците е тоа што ќе ја смени сликата. Според него особено во мултиетничките средини во Македонија, единствениот излез е реципроцитет:
,,Ние побаравме ако учат децата албанци да учат и македонците."
Во овој контекст уште може да се додаде изјавата на министерот Тодоров дека уште во 2007-2008 година, албанскиот јазик е воведен како изборен предмет во основното образование на ниво на целата држава. Проектот на ОБСЕ како да станува помалку важен во меѓусебната комуникација на учесниците во проблемот. Мнистерството за образование ќе се обидува преку разговори, преговори и убедување да го надмине бојкотот, велат од ова министерство. Вицепремиерот за Рамковниот договор Абдулкахим Адеми пак е нарече одлуката избрзана и побара да се одложи. Спроведувањето на стратегијата на ОБСЕ е многу сензитивно прашање и бара поголема подготовка во форма на детален дијалог пред да биде спроведена, порача високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Курт Волебек. ,,Со овој начин се урива кредибилитетот на ОБСЕ, порача пак премиерот Груевски. Од канцеларијата на ОБСЕ во Скопје денеска не реагираа на владините коментари по предупредувањето на Волебек.
Ние побаравме ако учат децата албанци да учат и македонците

Кај нас не се спроведува оваа иницијатива на Владата