Ситуација број еден- Поп пред два месеца извисил два млади пара пред венчавка во битолското село Кравари. Свадбарите трдат дека навремено ги пријавиле венчавките, а свештеното лице заборавило да се појави во црквата. Од епархијата, пак, велат дека попот не бил навремено известен за венчавките. Ситуација број два- Претседателот на црковниот одбор од битолското село Цапари пред две години беше осомничен дека укарал 100 000 евра, црковни пари. Сокриени во тегла ги закопал под куќата на кучињата во дворот и пријавил дека друг ги украл парите. Ова се само дел од проблематичните ситуации во Битолско кои го наметнуваат прашањето како функционира односот меѓу црковните одбори и Преспанско-пелагониската епархија. Владиката Петар вели дека се соочени со самоволие во повеќето селски парохии. Таму со верските храмови управуваат црковните одбори чии членови ги одбира месното население, иако нивниот избор секогаш не го оправдуваат свештените лица.
,,Тоа е насилништво. Ако некој не е од мене поставен, а не е сигурно поставен и потврден дека е званичен одборник во црквата, а сам си се поставил или собрал една група околу него роднини, пријатели и се самопоставиле, имаме тука сериозен проблем. Имаме луѓе непослушни по селата. Ни во еден град немаме проблем со црковните одборници, а ретко во кое село имаме добри комуникации зашто таму луѓето се поставени како да е нивна црквата."
обвинува владиката. Тој обвинува дека има одборници кои прават малверзации со црковните пари.
,,И тие ниту приход прикажуваат, значи ги кријат парите. 90 проценти од селата се таков случај. И државата треба да помогне, ние не можеме сами. Но, таа се трга кога треба да ја повикаме полицијата, да повикаме јавен обвинител да им изречат некои казни за злоупотребата на средствата. Не може некој да ги прибира средствата, да ги држи во џебот, а црковни средства се.Кажано е дека треба од секој остварен приход во црквата, треба да се однесат парите во банка и да се стават на жиро сметка. Тие не го прават тоа, туку манипулираат со парите."
додава владиката.
Дел од црковните одбори, меѓу кои и оној од село Кравари, се незадоволни од изборот на поповите што епархијата им ги испраќа по селата. Обвинуваат дека селските цркви се маргинализираат, додека градските се фаворизираат. Велат кај нив најчесто се испраќаат проблематичните попови кои се однесуваат несериозно, со кои не може да се разбере ни епархијата, лица кои се напиваат, па досега биле принудени во повеќе наврати да бараат нивна земена.
Тоа е насилништво. Ако некој не е од мене поставен, а не е сигурно поставен и потврден дека е званичен одборник во црквата, а сам си се поставил или собрал една група околу него роднини, пријатели и се самопоставиле, имаме тука сериозен проблем
,,Тоа е насилништво. Ако некој не е од мене поставен, а не е сигурно поставен и потврден дека е званичен одборник во црквата, а сам си се поставил или собрал една група околу него роднини, пријатели и се самопоставиле, имаме тука сериозен проблем. Имаме луѓе непослушни по селата. Ни во еден град немаме проблем со црковните одборници, а ретко во кое село имаме добри комуникации зашто таму луѓето се поставени како да е нивна црквата."
обвинува владиката. Тој обвинува дека има одборници кои прават малверзации со црковните пари.
,,И тие ниту приход прикажуваат, значи ги кријат парите. 90 проценти од селата се таков случај. И државата треба да помогне, ние не можеме сами. Но, таа се трга кога треба да ја повикаме полицијата, да повикаме јавен обвинител да им изречат некои казни за злоупотребата на средствата. Не може некој да ги прибира средствата, да ги држи во џебот, а црковни средства се.
И тие ниту приход прикажуваат, значи ги кријат парите. 90 проценти од селата се таков случај. И државата треба да помогне, ние не можеме сами