Достапни линкови

Девијантно однесување меѓу учениците?


Наставничка нападната од ученици
Наставничка нападната од ученици

Се почести се примерите на девијантно однесување меѓу македонските ученици. Експертите се согласуваат дека воспитанието како дел од образованието е занемарено последните години, но исто така тие посочуваат дека одредена вина има и меѓу наставниците.

Женска тепачка во школски двор, столчиња летаат низ училници, уништување на училишен инвентар, психичко малтретирање на наставници, ученици агресивно се пресметуваат со авторитети и соученици. Ова се дел од видео материјалите снимени со мобилен телефон во училиштата на кои ученици не дозволуваат наставата да се одржува во мирна атмосфера. Таквите снимки младите ги објавуваат на интернет страниците и порталите за дружање. Учениците се жалат дека им пречат децата кои се однесуваат девијантно за време на часовите.
Јас се обидувам да се концентрирам и да не ги слушам тие што прават глупости

,,Јас се обидувам да се концентрирам и да не ги слушам тие што прават глупости."

,,Има ученици, како и секаде, кои се однесуваат девијантно, но тие ученици некогаш не се самите виновни, туку наставникот е виновен."

Министерот за образование Никола Тодоров вели дека воспитанието како дел од образованието е занемарено во последниве години.

,,Меѓутоа никогаш нема да се согласам да ученик нападне наставник или директор на некое училиште носи пиштол на работа, како што имавме случај, или наставник да малтретира физички или психички некој ученик, тоа се работи на кои што мора да им се застане на патот, до педагошки методи."

Тодоров најави реформа во педагошката служба по ирски модел. Освен на учењето акцент да се стави и на однесувањето, емоционалниот и социјалниот развој на учениците во кој ќе бидат вклучени и професорите и родителите. Директорот на едно средно училиште, Евтим
Нашето искуство покажува дека проблемите се појавуваат на оние часови каде што наставникот за жал не е во состојба да ја организира наставата
Пејовски вели дека не се само учниците виновни за нивното девијанто однесување.

,,Нашето искуство покажува дека проблемите се појавуваат на оние часови каде што наставникот за жал не е во состојба да ја организира наставата."

Професорот од Институтот педагогија, Зоран Велковски вели дека за да се избегне ваков проблем во адолесценцијата треба да се влијае врз децата дури се помали. Училиштето, семејството и средината во која живеат децата се фактори кои можат да помогнат детската негативна енергија да се претвори во позитивна многу пред таа да стане агресивна, додава тој.

,,Ако ние решаваме еден конкретен проблем на однесување на ученик во основно или средно училиште во моментот и бараме некои решенија да го надминеме, тоа е само крпење на дупки, на тој начин ние можеме да ја ублажиме, но нема да ја надминеме појавата."

За надминување на проблемите со девијантното однесување потребна е поголемата соработка меѓу учениците, родителите и наставниците сметаат експертите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG