Достапни линкови

Бавен излез од кризата


Работници во фабрика
Работници во фабрика

Иако светот полека ја надминува економската криза, домашните економски експерти велат излегувањето од кризата и заздравувањето на македонската економија ќе оди бавно. Досега повеќе од 30 илјади работници ги изгубија работните места, а домашните компании се наоѓаат во лоша состојба.

Светот полека излегува од економската криза, но каде е Македонија на тој пат. Владините антикризни мерки не вродија со плод, велат од синдикатот на работници. Експертите пак велат дека и покрај тоа што светот излегува од криза, заздравувањето во земјата ќе оди бавно. Според податоците кои ги има Сојузот на Синдикати на Македонија, од октомври 2008-та до октомври 2009, како последица на економската криза без работа останале околу 30 илјади работници. Портпаролот на ССМ, Милан Живковиќ вели дека антикризните мерки на Владата не ја отсликале социјалната компоненета. Тој очекува заедно со Владата и со стопнствениците да отпочнат разговори кои ќе помогнат фирмите да излезат од криза. Но сепка не е преголем оптимист дека работите битно ќе се изменат.
Доколку се остане на статус кво, предвидувањата се крајно негативни. Ги слушате сега и работодавачите кои кажуваат во јавноста, дека стопанството е во криза и доколку не се направи нешто нормално дека ќе има уште повеќе отпуштања


,,Доколку се остане на статус кво, предвидувањата се крајно негативни. Ги слушате сега и работодавачите кои кажуваат во јавноста, дека стопанството е во криза и доколку не се направи нешто нормално дека ќе има уште повеќе отпуштања.“

Доколку не се променат работите, можно е да има и социјални немири, вели Живковиќ.
Од Фондот за развој на човечки ресурски велат дека состојбата со малите и средните претпријатија во земјата е доста лоша. Директорот на Фондот, Роман Пападимитров вели дека освен кризата, за лошата состојба на претпријатијата допринело и тоа што немаат директна помош од државата.

,,И да се преземат некои посериозни мерки со компаниите, мислам пред се разни бенефиции, разни олеснувања, некакви средства кои што, ќе влијаат затоа што премногу се истоштени компаниите и веќе незнам дали ќе можат и до кога би издражале.“

Економистите велат дека крајот на кризата е сеуште далеку:

,,Секоја економска криза која што е пропратена со финансиска криза, трае многу подолго. Во просек 40-50% подолго отколу еден нормален бизнис циклус и отприлика 30-40% побавно е излегувањето од криза.“

вели професорот Таки Фити. Експертите прогнозираат дека првите знаци на опоравување на македонската економија можат да се очекуваат најрано напролет.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG