Достапни линкови

Дождовите предизвикаа проблеми во некои општини


Поројните дождови последните 4 дена, како и високите температури доведоа до сериозни проблеми во функционирањето на двете општини, Пласница и Вранештица. Двете села Пласница и Лисичани со околу 6000 жители се такаречи отсечени од светот, бидејќи водената стихија се излеа од коритото на реката Треска и поплави многу куќи, откорнат е асфалтот од патиштата, а под вода е и целиот атар на селото Бигор Доленци.Преку 500 хектари земјоделско и урбано земјиште е во вода.

Поројните дождови последните 4 дена, како и високите температури доведоа до сериозни проблеми во функционирањето на двете општини, Пласница и Вранештица. Двете села Пласница и Лисичани со околу 6000 жители се такаречи отсечени од светот, бидејќи
Водата може да влезе во училиштето и да направи невидена материјална штета. Ќе го уништи инвентарот внатре значи,компјутерите се во опасност, исто така и архивата..имаме ние материјали со кои располага училиштето, техника, опрема, мебел итн..
водената стихија се излеа од коритото на реката Треска и поплави многу куќи, откорнат е асфалтот од патиштата, а под вода е и целиот атар на селото Бигор Доленци.Преку 500 хектари земјоделско и урбано земјиште е во вода. Поплавено е и централното основно училиште „Мирче Ацев„ , па настава не следат над 200 ученици.

,,Водата може да влезе во училиштето и да направи невидена материјална штета. Ќе го уништи инвентарот внатре значи, компјутерите се во опасност, исто така и архивата..имаме ние материјали со кои располага училиштето, техника, опрема, мебел итн.."

Вели Кемаил Сами, директор на централното основно училиште „Мирче Ацев„ од Пласница. Жителите се сериозно исплашени поради оваа состојба. Бараат надлежните институции да преземат итни мерки за да се нормализира животот во селата.

,Лисичани е моментално отсечено 48 часа, од временскиве неприлики. Не дај боже некому нешто да му се случи, инаку нема пристап ни за лекарска интервенција да се направи, двата пата се отсечени за во селото, во кое живеат 1860 жители."

се жали Кемал Нур, жител на селото Лисичани. А, градоначалникот на општина Пласница, Исмал Јаоски, загрижен за функционирањето на општината крајно незадоволен од досегашниот третман на државата, апелира итно да се преземат мерки за санирање на срушениот мост на регионалниот пат Пласница-Кичево. Јаоски вели дека проектот за изградба на нов мост на реката
Општината не може да оддвои буџет за да го исчисти коритото, но од државата се до ден денес немаме одговор дали ова корито некогаш ќе се исчисти со тие програми од Владата, кои ги даваше за чистење на коритата.
Треска е готов пред 10 години, но ниту тогаш, ниту сега Владата нема слух за потребите на општината, иако со години се испраќале барања за санирање на состојбата.

,,Општината не може да оддвои буџет за да го исчисти коритото, но од државата се до ден денес немаме одговор дали ова корито некогаш ќе се исчисти со тие програми од Владата, кои ги даваше за чистење на коритата."

Под вода е и целото поле во атарот на селото Бигор Доленци.Мештаните кои живеат исклучиво од земјоделство се жалат дека овие поплави ќе имаат сериозни последици врз посевите со пченица и пролетната сеидба. Оваа состојба велат е резултат на фактот што нивното село граничи со Вранештица и Кичево, а ниту една од овие две општини не сака да ги земе обврските да ги исчисти речните канали.Делот од реката за кој се надлежни е чист демантираат од Општина Вранештица.. Сите жители бараат итна помош од државата за конечно решавање на проблемите, во спротивно се закануваат со протести.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG