Новогодишна треска во Македонија годинава е послаба отколку во минатите години заклучуваат и потрошувачите и трговците. Трговскиот центар во Скопје е полн со луѓе но дуќанџиите се жалат дека прометот пред новогодишните празбници е намален. За нова година мнгу семејства ќе останат без пари затоа што фирмите во кои се вработени се блокирани. Плати и придонеси во вредност од речиси 20 милиони евра не им се исплатени на илјадници работници во земјава до крајот на октомври велат од Управата за јавни приходи.Заработената плата ја нема, во ек на празниците кога треба најмногу да се троши, тие ќе бидат принудени да се снаоѓаат како знаат.
„Не планирам да трошам.“
„Помалку ќе трошам, технолошки ме испратија, работев имав поголема плата.“
„Годинава нема толку пари, колку имаш толку, нема пари.“
„Нема, јас сум пензионерка, не може повеќе од пензијата, затоа што имаме многу други трошоци.“
Дуќанџиите велат дека минатите годни се работело турбо, не можеле да постигнат, но годинава е многу поразлично. Тие се жалат дека потрошувачите купуваат само украси.
„Секоја година е се послабо. Пред шест – седум години од 15 декември со колешката работевме по цел ден, а сега секоја држи посебна смена, нема луѓе.“
„Има многу луѓе кои не можат да си дозволат.“
„Во нашиот дуќан даваат за украси.“
На помал промет се жалат и туриистичките агенции. Александар Чоневски, сопственик на туристичка агенција вели дека годинава интересот за прослава на новогодишните празници на егзотични дестинации е многу помал.
„Искрено, јас лично сум малку разочаран, очекував поголем интерес, но се потврди спротивното. Годинава има помал одзив од граѓаните.“
Новогодишната еуфорија најмногу ги зафати младите. Дискотеките , кафилињата и рестораните кои нудат пречек за Новата Година со цени од 1600тини денари па на горе се веќе резервирани.
Искрено, јас лично сум малку разочаран, очекував поголем интерес, но се потврди спротивното. Годинава има помал одзив од граѓаните