Достапни линкови

Расправа за буџетот - спротиставени оценки на власта и опозицијата


Спротивставени гледања на буџетот
Спротивставени гледања на буџетот

Владината проекција за 2010 година е дека растот на БДП ќе биде два отсто, а на максимум два отсто е планирана и годишната стапка на инфлација.Според предлагачот, буџетот е развоен, реален и со подобрена структура. Наредната година Владата ќе продолжи со политиката на стриктна дисциплина за вработувањата во јавниот сектор

Владината проекција за 2010 година е дека растот на БДП ќе биде два отсто, а на максимум два отсто е планирана и годишната стапка на инфлација.Според предлагачот, буџетот е развоен, реален и со подобрена структура. Наредната година Владата ќе продолжи со политиката на стриктна дисциплина за вработувањата во јавниот сектор изјави Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ кој оцени дека буџетот е соодветен на економските состојби во кои се наоѓа државата

„Огромно зголемување има на средствата коишто се однесуваат на капитални инвестиции, нешто што може да ја повлече економијата напред, а намалени се трошоците за договорни услуги. Генерално оценето, буџетот за наредната година е адекватен на економските околности во коишто се наоѓа државата“
Буџетот е адекватен на економските околности во коишто се наоѓа државата

Опозицијата смета дека буџетот е проектиран на нереалани основи.Прогнозите за растот на бруто домашниот производ и годишната стпака на инфлација се текшко остварливи со оглед на тенденциите во економијата смета Марјан Николов од СДСМ

„Владата тргнува со претпоставка дека ќе има пад на БДП од само 0,6 проценти, дека реалната основа ќе биде околу минус 1,5 проценти“

Инаку, досега за првпат при носењето на еден буџет не се прифати ниту еден амнадман од опзицијата. Најголемата опозициска партија понуди неколку предлози кои се однесуваа на намлување на приходната страна на буџетот со цел да се растовари стопанството во услови на криза и да биде помалку оптоварено со давачки како и амандмани во насока на градење патишта и водоводи на локално ниво за да се решат и проблеми на граганите

„Имаше вкупно 309 коишто значат концептуална разлика. Сакавме поголем дел да биде развоен и да се трошат пари за капитални проекти“
Буџетот е нереален и неразвоен

Партиите од владеачкото мнозинство наведуваат дека овојпат немало голем простор да се усвојуваат многу амандмани. Некои од нивните аргументи се дека во услови на економска криза треба да се има предвид дека во буџетот не може да има големи приходи и оти тоа ја ограничува можноста во однос на прифакање предлози зошто може да се случи истите да не може да се реализираат.

„Не се прифаќани амандмани и од власта. Јас лично имав три амандмани и тие не се прифатија“
„Мислам дека немаме многу голем простор за да се усвојат многу амандмани во насока на можностите што можеме да ги педвидуваме за идната година. Затоа што во Македонија има и проекти коишто се стратешки проекти и инвестиции“

изјавија Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ и Тахир Хани од ДУИ.

Според предлогот, приходите се планирани на 143 милијарди и 257 милиони денари, а расходите на 153 милијарди и 720 милиони денари. Дефицитот е проектиран а 2,5 проценти од БДП и ќе изнесува 10 милијарди и 460 милиони денари.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG