Достапни линкови

Заеднички по патот на компромисот


Подвоени мислења околу потребата од лидерска средба
Подвоени мислења околу потребата од лидерска средба

Неопходно е да се интензивираат преговорите со цел што побргу да се дојде до взаемно прифатливо решение. Евро дипломатите со порака дека не е време за поделби туку за обединување.

Евроскептизицам, еврореализам, емоции и тврди ставови , изјави на резигнираност и разочарување. Која им е целта и каде водат или во која насока да продолжи македонската политика по 7 декември кога не го добивме датумот за преговори со Унијата. Во овој период не треба да се жали туку да се искористи моментот. Високиот процент на поддршка кај граѓаните за процесот на европската и евроатланстака перспектива е одговорност за власта но иза опозицијата во земјава апелира словенечкиот амбасадор во Македонија, Ален Брајан Бергант.
Сега треба да се обединат опозицијата и власта и заеднички да бараат конечно компромисно решение ...


„Одговорноста е сега на власта. Но, не само на власта туку и на опозицијата. Сега треба да се обединат, да бидат заедно и со заеднички сили што побргу да се најде решение, да се дојде конечно до некој компромис кој ќе биде добар и за Атина и за Скопје“

Изјави Бергант којшто ќе биде гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Не е време за сожалување порачува Бергант туку е време да се искористи моментот, да се продолжи и со преговорите но и со реформите. Претседателот Иванов ја заостри реториката - нема да потклекнеме под притисоците ниту ќе прифатиме решение со кое ќе биде оспорен македонскиот идентитет. Судбината на нашата држава е таква да имаме повеќе пречки од останатите, барањата од Грција личат како да се од 19 век изјави премиерот Груевски. Македонија нема да прифати ултиматуми и уцени, изјави вицепремиерот за евроинтеграции. Со автобуси граѓани на протести пред седиштето ЕУ. Повеќе од сожалување, ваквите настапи експертите ги коментираат како реакции со внатрешна употреба. Продавање на имиџ со кој се стекнува популарност којашто се валоризира на избори, вели аналитичарот Никола Сталевски.

„Скорешните изјави кои можевме да ги слушнеме се одраз на разочарување, но второстешено се и желба за внатрешно зацврстување и задржување на легитимитет. Сега сме во таа мала фаза - направивме се што можевме и пак не исплакнаа“

Ваквите настапи не водат никаде оти не ги решаваат проблемите и нема долго да траат зошто понатамошните чекори зависат од притисокот на ЕУ и подготвеноста на македонската и на грчката страна да ги продолжат преговорите, додава Сталевски. Европа го разбира разочарувањето но апелира да се прими другиот дел од пораката-охрабрувањето и притисокот да се продолжи со преговорите и во дадената временска рамка да се постигне тоа што до сега не се успеа.

„Ние го разбираме разочарувањето но сакам да нагласам дека јасна порака беше испратена од ЕУ којашто содржи охрабрување но исто така и притисок на двете страни, на Грција и на Македонија да ги интензивираат преговорите со цел да најдат едно компромисно решение а со тоа практично ќе се задоволат апсирациите на граѓаните, Македонија да стане час посокоро земја членка на ЕУ“.

Изјави евроамбасадорот Ерван Фуере.
XS
SM
MD
LG