Достапни линкови

Бранителите против обештетувањето за ОНА


Прилепските бранители најостро реагираат на барањата за обештетување на поранешните припадници на ОНА. Сметаат дека припадниците на ОНА немаат никакво право на заштита од Македонија, чиј интегритет и суверентитет го нападнаа во конфликтот што започна во 2001 година.

Прилепските бранители најостро реагираат против ставот и барањата за обештетување на поранешните припадници на ОНА, за остварување на право на нивна пензија или каков било друг начин на финансиска помош којa што би ja исплатила државата. Револтирани велат дека припадниците на ОНА немаат никакво право на заштита од оваа држава, чиј интегритет и суверентитет го нападнаа во конфликтот што започна во 2001 година, кога Прилеп ги загуби 10-те мина резервисти кај Карпалак.
Ние немаме ништо против тие да си ги бараат своите права од тие држави од каде што во тој момент ги мобилизирале


,,Здружението на резервни воени обврзници, учесници во воениот конфликт 2001/2002 година остро реагира на тоа што, т.н припадници на ОНА бараат пензии, социјални пакети или други финансиски средства од Република Македонија. Ние немаме ништо против тие да си ги бараат своите права од тие држави од каде што во тој момент ги мобилизирале."

Вели Кире Тодороски, претседател на Здружението. Бранителите велат дека според постоечките закони припадниците на ОНА никогаш не ќе може да остварат право на пензија.

,,Тешко дека би можеле да добијат некакво обештетување, затоа што во членот 2 во законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили, јасно е кажано кои се припадници на безбедностите сили на Република Македонија, кои учествуваа во одбраната на
Тешко дека би можеле да добијат некакво обештетување, затоа што во членот 2 во законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили, јасно е кажано кои се припадници на безбедностите сили на Македонија
интегритетот и суверенитетот на државата Македонија."

Вели Благоја Димитроски, секретар на Здружението. Бранителетите реагираат и затоа што и по 8 години од воениот конфликт како што велат, голем дел од нив не се социјално згрижени и се соочуваат со сериозни проблеми.

,,Седумдесет отсто се финансиски необезбедени. Останатиот дел е со мала егзистенција, ретки се оние кои имаат егзистенција за опстанок. Не можат, а сакаат да си ги подмират сметките за потрошена електрична енергија, за телефони."

Истакнува Димитриоски. Бранителите велат од завршување на војната чукаат на вратите на државните институции со цел да најдат решение за нивните проблеми, но безуспех. Инаку, прилепското здружение брои околу 2900 членови.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG