Министерството за одбрана најави дека земјава ќе продолжи да учествува во мисијата ИСАФ и дека во почетокот на наредната година ќе испрати дополнителни 80 војници кои треба да придонесат во операцијата за обука на авганистанските безбедносни сили заедно со Националната гарда на Вермонт, во време кога претстои вториот круг од изборите во Авганистан за претседател. Заменик министерот Емил Димитрев вели дека нашите војници треба да заминат во февруари, а дека изборите што треба да се одржат на 7-ми наредниот месец во Авганистан нема да влијаат врз карактерот на работата на нашите трупи кои веке се таму. Во принцип ја задржуваме нашата мисија која е логистичка, а земјава ќе продолжи со своето учество во ИСАФ со изменети квантитативни услови заедно со земјите членки на НATO за да покаже дека е подготвена за полноправно членство во северно атланската алијанса вели Димитриев.
,,Изборите имаат реперкусии врз целата состојба во државата, Авганистан. Индиректно, фактички тие се предмет на опсервација и од нашите единици бидејќи многу често има инциденти. Генерално односите добиваат на интензитет поради изборите, но специјална задача на нашите војници за изборите, нема. Значи ние имаме трупи таму со одредени задачи и тие се држат до тоа."
Во принцип досега нашата мисија се остварува преку една чета што е распоредена во Кабул и главна задача и е обезбедување на командата. Натаму имаме хируршки тимови и уште неколку тимови за обука на авганистанската армија. Со тоа што својот придонес воАвганистан ќе го зголемиме со дополнителни два вода од кој едниот е за воена полиција, а другиот од ренџерскиот батаљон бројот на наши војници таму ќе се искачи на 250. Професорот Стојан Кузев вели дека Македонија продолжува практично со својот курс да учествува во меѓународните мисии во видно изменети квантитативни услови, но дека не е исклучено натаму да се очекуваат измени и во квалитативните услови.
Најавата дека АРМ ќе испрати дополнителни 80 војници и според Кузев, не е директно поврзана со изборите во Авганистан. Но, тој нагласува дека зголемувањето на присутноста на силите, како на трупите за војување со бунтовниците така и во делот на менторските тимови се со цел да се помогне авганистанската народна армија, да ја преземе полека улогата на армија која ќе ги регулира состојбите во тоа општество.
Генерално односите добиваат на интензитет поради изборите, но специјална задача на нашите војници за изборите, нема
,,Изборите имаат реперкусии врз целата состојба во државата, Авганистан. Индиректно, фактички тие се предмет на опсервација и од нашите единици бидејќи многу често има инциденти. Генерално односите добиваат на интензитет поради изборите, но специјална задача на нашите војници за изборите, нема. Значи ние имаме трупи таму со одредени задачи и тие се држат до тоа."
Во принцип досега нашата мисија се остварува преку една чета што е распоредена во Кабул и главна задача и е обезбедување на командата. Натаму имаме хируршки тимови и уште неколку тимови за обука на авганистанската армија. Со тоа што својот придонес во
Имајќи го во предвид фактот дека се симнати ембаргата околу полето и нивоата на војна во која што тие партиципираат, во иднина може да се очекува дека тие ќе бидат максимално вклучувани и во такви мисии конкретни на теренот
Претседателот Ѓорѓе Иванов, министерот за одбрна Зоран Коњановски и началникот на генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски
,,Имајќи го во предвид фактот дека се симнати ембаргата околу полето и нивоата на војна во која што тие партиципираат, во иднина може да се очекува дека тие ќе бидат максимално вклучувани и во такви мисии конкретни на теренот."Најавата дека АРМ ќе испрати дополнителни 80 војници и според Кузев, не е директно поврзана со изборите во Авганистан. Но, тој нагласува дека зголемувањето на присутноста на силите, како на трупите за војување со бунтовниците така и во делот на менторските тимови се со цел да се помогне авганистанската народна армија, да ја преземе полека улогата на армија која ќе ги регулира состојбите во тоа општество.