Достапни линкови

Авганистан - втор круг избори


Претседателот Хамид Карзаи и американскиот Сенатор Џон Кери, на прес во Кабул 20.10.09
Претседателот Хамид Карзаи и американскиот Сенатор Џон Кери, на прес во Кабул 20.10.09
Авганистанската изборна комисија за жалба, подржана од Обединетите Нации, имено нареди да бидат поништени гласачките ливчиња од 210 избирачки места.

Тоа значи дека ке има втор круг избори во кој ке учествуваат претседателот Хамид Карзаи и неговиот главен ривал, поранешниот министер за надворешни работи, Абдула Абдула.

Во извештајот на Комисијата се наведува дека поништувањето е резултат на јасен и убедлив доказ за злоупотреба на гласачките места.

Според прелиминарните резултати актуелниот Претседател Хамид Карзаи освоил 55 проценти од гласовите, а неговиот против кандидат Абдула Абдула 28 проценти. Меѓутоа поради голем број на неважечки гласачки ливчиња Карзаи добива под 50 насто односно 48,20 недоволно за победа во првиот круг.
Оваа одлука на Изборната Комисија е чекор напред за демократијата во Авганистан.

Претседателот Хамид Карзаи изјавил дека таквата одлука ќе значи чекот напред за авганистанската демократија.

Претседателот на Комисијата за жалби на Обединетите Нации Грант Кипин претходно покажа подготвеност за компромис и во Кабул објави дека конечната одлука ќе биде заеднички соопштена со независната комисија.

"Нашата обврска е првенствено да се испитаат сите жалби и да се донесе одлука. Тоа е одговорност и на Независната изборна комисија. Тоа мора да го направи сите неопходни чекори, да даде прелиминарна оценка на изборниот резултат, а потоа и конечна“. рече Кипин.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG