Достапни линкови

Потребен ли е аранжман со ММФ?


Логото на ММФ
Логото на ММФ

Експертите се со поделени мислења за тоа дали на Македонија и е потребен аранжман со ММФ. Според едни Фондот ќе ги контролира јавните расходи и непродуктивните трошења што е добро за земјата, додека според други ММФ не нуди кредити кои би овозможиле развој.

Претставници на Меѓународниот монетарен фонд денеска се на средба со министерот за финансии. Како што дознаваме, станува збор за рутински состанок во Министерството кој се одржува еднаш годишно. На средбата се разгледува економската политика на владата и се прават базични споредби на проекциите. Македонија се уште нема аранжман со ММФ. Министерот за финансии Зоран Ставрески по последниот ребаланс на буџетот изјави дека нема потреба од договор со ММФ годинава бидејки финансиската конструкција за 2009 година е затворена. Експертите, пак се со поделени мислења за прашањето дали аранжман со меѓународната организација е поволен. Професорката Марија Зарезанкова - Потевска вели дека договор со фондот не е поволен за развојните проекти на земјава:
Во однос на развојната компонента ММФ не дава кредити, не ги обезбедува тие кредити. За развојна компонента треба да биде Светската Банка


,,Во однос на развојната компонента ММФ не дава кредити, не ги обезбедува тие кредити. За развојна компонента треба да биде Светската Банка."

Потевска додава дека аранжман со фондот би била неповолна опција доколку организацијата не ги промени условите за кредитирање:

,,И покрај тоа што тие се евтини кредити тие се условени со многу други понатамошни активности на Владата кои што негативно ќе се одразат воопшто на економските состојби. Мислам дека не е најсоодветна опција."

Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи, од друга страна, вели дека ММФ нуди поволни каматни стапки, што е позитивно за земјава:

,,Ако нешто ММФ може да допринесе за подобрување на состојбата во нашата земја е тоа што при користењето на аранжман самите
Oна што Монетарците би го барале од нас е контрола на самите јавни расходи кои што се прават со буџетот
финансиски средства кои што ќе бидат достапни за македонската економија ќе бидат со пониска каматна стапка."

Хаџимустафа додава дека евентуален аранжман со фондот би значело и намалување на непродуктивните трошоци:

,,Од друга страна пак, она што Монетарците би го барале од нас е контрола на самите јавни расходи кои што се прават со буџетот. Тоа сигурно би довело да намалување на непродуктивните трошења, кои што постојат и со цел да се искористат средствата што е можно подобро за македонската економија."

XS
SM
MD
LG