Достапни линкови

Продолжува намалувањето на приходите во буџетот


Скопје
Скопје

Приходите во државата каса во август се намалени во однос на јули, кој беше најплоден месец и по кој Владата најави закрепнување на буџетот. Во овој период поради падот на наплатата на данокот се собрани само 90 милиони евра, односно 22 милиони помалку од минатиот месец.

Приходите во државата каса во август се намалени во однос на јули, кој беше најплоден месец и по кој Владата најави закрепнување на буџетот. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека ситуацијата е влошена, бидејќи во овој период поради падот на наплатата на данокот се собрани само 90 милиони евра, односно 22 милиони помалку од минатиот месец. Додека пак потрошени се 15 милиони евра повеќе од собраните и сега буџетот е во минус. Не ме изненадува што Владата се истрача да каже дека најлошото е зад нас, поради малото подобрување во јули, но тие повторно погрешија во своите предвидувања вели економистот Ден Дончев.

„Не е проблемот во тоа што приходите не се остваруваат бидејќи економијата оваа година е во катастрофална ситуација. Проблемот е дека расходите беа проектирани на премногу високо ниво, и решението е да се скратат расходите со што би се изедначило на пониско
Не е проблемот во тоа што приходите не се остваруваат бидејќи економијата оваа година е во катастрофална ситуација. Проблемот е дека расходите беа проектирани на премногу високо ниво, и решението е да се скратат расходите со што би се изедначило на пониско ниво на приходи
ниво на приходи, бидејќи едноставно македонската економија нема капацитет да плаќа даноци кон државата на ниво на кое државата би сакала да ги прибира тие даноци од стопанството или поточно од приватниот сектор.“

За жал ова само покажува дека кризниот период не е зад нас и е јасен резултат дека таа е сеуште присутна во реалниот сектор во земјава, вели економистот Мирољуб Шукаров.

„Опаднати се не само приходите во буџетот, туку опадната е и економската активност и сите други параметри покажуваат дека кризата сеуште не почнува да влева надеж и некаков оптимизам. Значи резултатите и понатаму ќе бидат негативни, барем тоа се моите очекувања и ќе почнат да стануваат позитивни оној момент кога ќе настане стопанска активности. Значи дотогаш штедње, штедење и само штедење.“

Ситуцијата експертите не очекуваат да се подобри до крајот на оваа година. Но дали е потребен нов ребаланс на буџетот според нив сеуште е рано да се каже, но ќе зависи од тоа како Владата ќе се однесува со расходите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG