Достапни линкови

Викендов иселенички средби во Љубојно


Охрид
Охрид

За празникот Илинден во селото Љубојно на Преспанското Езеро ќе се оддржат традиционалните ,,Љубански Илинденски иселенички средби“.

На први и втори август, викендов за празникот Илинден, во селото Љубојно на Преспанското Езеро, во пазувите на планината Пелистер, ќе се одржат 36-тите традиционални "Љубански Илинденски иселенички средби". Два дена во Љубојно ќе се слави Илинден со бројни содржини во манифестацијата.

„Навистина е набиена програмата, како круна на сето тоа ќе биде монодрамата што ќе се случи на Љубанското културно наследство, каде
После Крушиво и Пелинце, Љубојно е третото место каде што најмасовно се слави Илинден со неколку илјади посетители. И не само од Љубојно и Преспа, овде има одзив од целата Република
со дефилеа ќе се оди низ улиците на Љубојно, а на плоштадот ќе биде свеченото отворање со видни личности од културниот,црковниот и политичкиот живот. Во 20 и 30 часот ќе започне фолк фест "Преспа 2009", со 25 пејачи. Имаме и промоција на две изданија, романот "Сарафин" од нашиот иселеник Јосиф Грежовски-Гандето и "Охридско-Преспанските стопански хоризонти" од Јонче Филипоски од Штрбово,инаку Охриѓанец.“

Објаснува Бошко Рајчоски од Љубојно, од одборот за прослава, што заедно со општина Ресен и Агенцијата за иселеништво ги организира средбите на кои се очекува да присуствуваат илјадници граѓани, иселеници од Ресенско-Преспанскиот крај,гости кои за Илинден се во Македонија и претставници на јавниот живот.

„После Крушиво и Пелинце, Љубојно е третото место каде што најмасовно се слави Илинден со неколку илјади посетители. И не само од Љубојно и Преспа, овде има одзив од цела Република.“

Вели Рајчоски, кој повеќе од четири децении живее и работи во САД, но не ги прекинува врските со татковината.

„Оваа година навршувам 46 години,откако во цутот на младоста зачекорив по трнливиот пат на печалбата. 40 години веќе живеам во Америка, 33 години работев во автомобилската индустрија Крајслер, благодарение на чесната работа сега сум во пензија и последните десет години редовно доаѓам во Македонија. Доаѓам да се одморам, а всушност се заморувам, затоа што минатата година имав телевизиска емисија "Гласот на иселениците",сега вложив доста напори за "Фолк фест Преспа", но не жалам за сето ова што го правам, горд сум на својот народ, горд сум затоа што припаѓам на мојот Македонски народ и духовно ме храни сето ова што го правам за доброто на мојот народ.“

Раскажува иселеникот од Љубојно Бошко Рајчоски, кој преку неговата работа сака да придонесе за негување на Македонскиот национален идентитет и нашите традиции.
XS
SM
MD
LG