Достапни линкови

Опозицијата внесе нервоза кај власта?


Бранко Црвенковски и Никола Груевски
Бранко Црвенковски и Никола Груевски

Во редовите на власта постои нервоза предизвикана од неодамнешното реформирање на опозиционата СДСМ, велат експертите. Реакциите од ВМРО ДПМНЕ не стивнуваат по кадровските смени во опозицијата.

Лавината реакции и меѓупартиски пораки сеуште не стивнуваат по одржаниот 10-ти Конгрес на СДСМ кој веројатно ќе остане запаметен по радикалната кадровска смена во раководството на партијата. Најавената млада и свежа крв како вовед во новите реформски зафати во партијата од страна на опозицијата беше најавена и како крај на медениот месец на партијата на власт. Главното оружје за ваквиот настап се новите 90-тина луѓе во врвот на партијата без досегашен политички и партиски багаж.

,,Она што мислам дека се случува, тоа е една панична реакција."

Вели новозибраниот секретар на СДСМ, Андреј Петров. Премиерот и владејачката ВМРО –ДПМНЕ секојдневно ги коментираа
Постои нервоза кај власта, која што пред се е предизвикана од фактот што огромен дел од раководството на СДСМ е ново. Сега се менува имиџот на партијата, луѓе што носат определен кредибилитет, голем дел од нив немаат личен политички багаж, афери или скандали
настаните и вестите кои доаѓаа од страна на опозицијата. Премиерот изјави дека веќе функционира неформална коалиција меѓу СДСМ и неколку други партии од опозициониот блок меѓу кои и новоформираната ,,Обединети за Македонија" на Љубе Бошковски. Ваквите изјави беа демантирани од страна на посочените партии. ВМРО-НП ваквите коментари ги протолку и како дневно политичко алиби и како пренасочување на јавноста од дневните проблеми. Ова би можело да биде еден дел од објаснувањето на реакцијата која се емитува од страна на власта која аналитичарот Емил Атанасовски ја нарекува жестока и реакција која навестува нервоза на страната на власта.

,,Постои нервоза која што пред се е предизвикана од фактот што огромен дел од раководството на СДСМ е ново. Сега се менува имиџот на партијата, луѓе што носат определен кредибилитет, голем дел од нив немаат личен политички багаж, афери или скандали, или нешто што ги врзува за да кажеме едно поранешно владеење."

Реакциите продолжија со лични дискредитации на новоназначените функционери во СДСМ. Ова е демаскирање на стариот тим кој е направен од партиски војници кои биле вработени во државната администрација и во институциите на системот, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Едниот од двајцата нови потпретседатели, Зоран Јовановски кој доаѓа од Комерцијална банка беше посочен како директно одговорен за водењето на како што рекоа лошото и рестриктивно водење на монетарната политика додека работел во народната банка и го спречувал економскиот раст во изминативе две години.

,,Апсолутно не е возможно, бидејќи Народната Банка функционира како систем, таа не зависи од еден човек."

Коментира Атансаовски. Освен како нервозна реакција однесувањето на власта во овој момент може да се толкува и како желба во самиот старт да се дискредитирааат случувањата во опозицијата и уште повеќе да се претстави дека таму не се случува ништо ново, додава Атанасовски. Од владеачката партија и денеска без коментар за нивните реакции. Само најава дека и денеска премиерот ќе има изјава на оваа тема.
XS
SM
MD
LG