Достапни линкови

Интервју - Хавиер Бланко


Хавиер Бланко
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:13 0:00

Светска Туристичка Организација на Обединети Нации

Вие мора да си ги цените ресурсите и ако сакате да се развиете како туристичка земја, судбината на тој успех и на вашите ресурси се наоѓа во вашите раце, вели Директорот на Придружните членки на Светската туристичка асоцијација при Обединети нации, Хавиер Бланко во неделното интервју на Радио Слободна Европа.




Господине Бланко, Светската туристичка организација брои 400 членли од приватниот сектор од 161 земја. Од Македонија има само еден претставник во организацијата. Каков бенефит имаат членките во организацијата?
Мислам дека е добра вест што имаме член од Македонија, како земја партнер затоа што не е проблемот во квантитетот туку во квалитетот, и имаме еден активен и претставителен член како што е Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Бенефицијата е во споделувањето на глобалниот простор во која игра се најдобрите изведувачи , кои посакуваат најдобар менаџмент за своите земји и дестинации со најдобрите вредности. Универзитетот од Скопје ги споделува најдобрите вредности на најдобриот менаџмент. Бенефицијата е исто така и споделување на информација и практика со многу важни и битни меѓународни членки.

Што губи македонскиот приватен сектор од недоволната заинтересираноста за оваа оргaнизација?
Нашата организација функционира веќе 35 години во светскиот туризам, една од организациите во системот на Обединетите Нации, специјализирана од ОН и главните светски туристички референти за сите дестинации
Мислам дека организацијата има една многу битна улога и причина да ја одигра и излезе позитивно пред светот. Се покоруваме и ги почитуваме вредностите на човечката заедница како таква, а ова може многу да придонесе за милениумско развивање , за развојните цели на ОН како што е борбата против сиромаштијата, нови вработувања, придонес кон образованието, поголема еднаквост. И ова е една од улогите на туризмот.

Каков е вашиот впечаток за туризмот во Македонија?
Ова утро имав прилика да минам време со многу членови од Македонија и од други земји. Ние сме во постојан дијалог со одговорните од катедрата за туризам на овој универзитет и гледам дека се лидери во туризмот во оваа земја и верувам дека се наоѓаме пред еден клучен момент на дефинирање и заклучок на една заедничка стратегија. Има потреба да се обидеме да изградиме еден широк проект помеѓу сите нас бидејќи сите сме битни во изградбата на иднината на туризмот во Македонија; и јавниот и приватниот сектор. Тоа би било фундаменталниот елемент. Јас имам добар впечаток затоа што има една многу битна работа која Македонија може да ја научи, имено, да се поучи од грешките кои други светски туристички дестинации имале досега можност да ги направат. На туризмот во Македонија јас гледам како на една голема шанса за убава изградба на оваа земја.

Во 90-тите бевте заменик министер за туризам во Шпанија и член на шпанскиот туристички совет, кој направи туристичка стратегија до 2020 година. Според вашето искуство, на што треба да се посвети повеќе внимание за подобрување на состојбата со туризмот во Македонија?
Најпрвин повторувам дека мора да е еден заеднички проект, направен со заеднички сили и напори. Туризмот е една многу битна гранка и не ги засега само хотелите, туристичките агенции и рестораните. Туризмот е активност која што треба да ги засега и дизајнерите на еден град, на оние кои ги осмислуваат транспортните линии, на културните советници, на малите бизниси и претпријатија, а и трговските центри кои треба да ги привлекуваат туристите, на целото културно и историско наследство, кое што треба да биде отворено за посети од страна на туристите. Сите тие треба да имаат една посебна стратегија за да му бидат пред очи на туристот, а и да се стават и на негово место. Имајќи во предвид дека на нам, туристичките работници, туристот треба да ни е во центарот на вниманието во секое време, верувам дека Македонија тоа го има сфатено.

Неколку години веќе Си-Ен-Ен емитува рекламни спотови за Македонија како добра туристичка дестинација, но тоа баш и немаше некаков ефект. Статистичките податоци ни покажуваат дека сеуште имаме повеќе домашни отколку странски туристи. Па се прашувам дали е ова најдобриот начин за промовирање пред туристите?
Верувам дека не треба да се споредува домашниот со странскиот туризам и не може да се донесе заклучок за тоа кој е подобар. Двата се потребни и многу компатибилни. Јас не можам да бидам до толку категоричен и да кажам дека е ова подобро од другото или пак обратно. Најдобриот турист не е ниту домашниот ниту странскиот, туку оној кој што ќе дојде, ќе се однесува пристојно и ќе ги почитува правилата, ќе ги цени убавините на одбраната дестинација, и оној кој што на крајот ќе си отиде задоволен и ќе го пофали тоа место. Меѓутоа, разбирам и дека во почетоците на туризмот на оваа држава, битно е да се привлече странскиот турист, а често се случува едно место да им е попознато на странските отколку на домашните туристи.

Колку лошата економска ситуација влијае врз туризмот?
Многу. Економската ситуација е еден фактор кој директно го условува развитокот на туризмот,тоа е евидентно. Но, туризмот е социјален фактор и припаѓа на луѓето од секое поразвиено општество. Тоа е секотр кој најдобро и се спротивставува на кризата и прв се издигнува после еконосмка криза.

Дали влијае врз туризмот фактот што Македонија не членува ниту во ЕУ, ниту пак НАТО?
Не, не верувам. Инсистирам дека туристот не го интересира политиката, како што претходно споменав, туристите бараат искуство и место каде што ќе можат да уживаат во некоја друга култура, традиција, убави моменти со друштвото, а не мислат на стратешките проблеми на светската економија и политика. Многу е поедноставен светот на туризмот, но тоа пак не значи дека е лесно за организирање. Што се однесува до Макдеонија, вистина е дека таа не е светски позната на странските туристи. Меѓутоа, тоа не е политички проблем, туку задача за заедничка работа на еден целосен, заеднички и комплетен проект за да се дознае за неа.

Што може земјава да понуди, а се бара на пазарот?
Туризмот не е лесен. Шпанија мораше многу да работи за да стане светски туристички лидер. Вие мора да си ги цените ресурсите и ако сакате да се развиете како туристичка земја, судбината на тој успех и на вашите ресурси се наоѓа во вашите раце. Тешко е да се натпреваруваш на еден толку компетитивен пазар. Сите се натпреваруваат, меѓутоа верувам дека новите дестинации, оние кои сега се будат, како што е на пример Македонија имаат загарантирано место во светскиот туризам и не мора да се плашат, само треба работа. А неможе ни да се каже дека сонуваат за некои недосегливи височини и неостварливи соништа бидејќи тоа не е точно. Сигурен сум , а тоа и си го потврдив, дека имаат доволно широк и чист простор за да се развиваат.

Кои се сега новите трендови во светскиот туризам?
Нема некоја јасна или чиста тенденција. Кампањите мора да бида ориентирани кон ракурсите на секоја една земја и нејзината туристичка стратегија. Она што треба да се запамти е дека треба да се мисли на туристот, а не на администрацијата која што е потребна за да профункционира туризмот. Туризмот е една единствена и уникатна прилика за да се создаде еден идентитет кој што ќе остави трага за земјата. Нови тенденции се оние кои се носители на имиџот не само на економскиот систем на една земја туку на целосната слика за неа. Туризмот може да помогне да се создаде еден комплетен имиџ за една земја, а не само за туристичкиот сектор. Ова е позитивното, тенденцијата за идентификување на најдоброто нешто на една држава, но и на државата како целина. Се создава најдобриот можен имиџ на една држава.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG