Достапни линкови

Изградбата на Коридорот 10 блокирана од Грција


Премиерот Никола Груевски во владата
Премиерот Никола Груевски во владата
Владата влече контрадикторни потези коментираат дел од аналитичарите. Од една страна, Владата најавува дека ќе се задолжува во странство за да инвестира осум милијарди евра во инфраструктурата, а од друга, поради нарушувањето на односите со Грција ги губи веќе одобрените пари.

Пред околу месец и половина грчкиот премиер Костас Караманлис се закани дека Македонија нама да добие ниту евро за изградба на
Кога ќе ги изложите фактите ќе видите дека е комплетно контрадикторна најавата за толку големи инвестиции, а од друга страна, овие инвестиции коишто можеше Грција да ги пушти со Коридорот ни беа на тацна
коридорот 10, иако претходно одобри 50 милиони евра за автопатот од кој и Грција ќе има корист. Именувањето на автопатот во Александар Македонски, Грција го сфаќа како провокација.

Аналитичарот Гордан Георгиев смета дека во наредниот период ќе биде многу тешко да се добие кредит, поради светската економска криза, а и тие кредити што ќе бидат одобрени ќе бидат многу скапи.

„Кога ќе ги изложите фактите ќе видите дека е комплетно контрадикторна најавата за толку големи инвестиции, а од друга страна, овие инвестиции коишто можеше Грција да ги пушти со Коридорот ни беа на тацна.“

Грчкиот премиер Костас Караманлис со рускиот премиер Владимир Путин
Преименувањето на објекти во Македонија со имиња од антиката, Грција го сфаќа како провокација, зашто смета дека има ексклузивно право на тој дел од историјата. Поради тоа, Георгиев смета дека Грција ќе ја искористи целата своја политичка моќ, за да ја спречи Македонија да дојде до поволни кредити од странство.

„Грција секако ќе се обиде да опстрира, со секое наше преименување.“

Политикологот Владимир Божиновски се согласува дека Грција ќе се обидува да и попречи на Македонија но се сомнева дека има голема моќ за тоа да го стори. Тој смета дека проблемот меѓу двете земји не е во користењето на античките симболи и дека Грција го користи проблемот со Македонија во дневно- политички цели. Божиновски вели дека тој спор и е потребен на Грција за да го
Автопатот и да си останеше како што си е, и да го крстевме Грција, тие ќе најдеа некаков проблем сето тоа да го поништат
пренасочи вниманието на домашната јавност од економските проблеми со кои се соочува нашиот јужен сосед.

„Проблемот со иметo не е проблем којшто тие сакаат да го решат. Сметам дека тоа им е изговор за смирување на внатрешните состојби. Автопатот и да си останеше како што си е, и да го крстевме Грција, тие ќе најдеа некаков проблем сето тоа да го поништат. Ние сме под страшен притисок од нив, и секогаш ќе имаат изговор за да проблематизираат нешто што е во врска со Македонија.“

Нарушените односи меѓу Македонија и Грција кулминираа деновиве кога шефицата на грчката канцеларија за врски Александра Пападопулу, демонстративно ја напушти Конференцијата за култура и комуникации на земјите од Југоисточна Европа во Скопје зашто Македонија беше претставена под уставното име. Пред два дена, пак, непознати сторители со спреј испишаа погрдни пораки на три грчки туристички автобуси во Охрид. Македонија и Грција ги заладија односите по минатогодишното грчко вето за членство на Македонија во НАТО.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG