Достапни линкови

Предлог закони на НВО чекаат донесување


Граѓанскиот сектор во Македонија нема капацитет да истера ниту една голема идеја до крај, велат експертите. Тие објаснуваат дека невладините организаци треба да имаат попозитивен третман и да се слуша гласот на народот. Според истражувањата на македонскиот центар за меѓународна соработка, подобрувања има за правата на хендикепираните, децата и жените. Невладината Полио плус ја покрена првата граѓанска иницијатива за собирање потписи за да се донесе закон за достоинство на лицата со хендикеп. Иако се собраа двојно повеќе од потребните 10.000 закон уште не е донесен. Женските организаци постигнаа да има повеќе жени пратеници Со заложби на првата детска амбасада Меѓаши се направени измени во кривичниот закон.

„Казните за злоставување деца двојно се зголемуваат, скокаат од 5 на 10 години, за проституција со деца казната скока од една на три години. За полов напад на деца, најниската казна се дуплира од четири на осум години, како и казната ако делото е сторено од родител, посвоител од сегашните минимум четири, на минимум 10 години.“

Сепак невладините организации во нашата земја сeуште не го достинале тој степен на развој за да би можеле со своите иницијативи директно да влијаат за решавање на проблеми од општ интерес, велат експерите. Од Центарот за граѓански иницијативи Прилеп деновите започнаа иницијатива за запознавање на граѓаните со работата на цивилниот сектор.

„Невладините организации реално, целта на нивното постоење е да го променат и подобрат општеството и сите активности се во таа насока, така што реално НВО секторот има голема моќ се додека тоа е правилно презентирано пред народот,“

објаснува Кристина Павловски од Центарот за граѓански иницијативи.

Сeуште многу ретки се случаите кога невладините организации можат со демократски притисок да извршат корекција на она што државата не го регулира како што треба. Од граѓанскиот сектор посочуваат дека вината за тоа треба да се бара во самите невладини организации кои на граѓаните не им ставаат до знаење која е нивната улога. А втората причина е во тоа што многу граѓани своите иницијативи ги иницираат преку политичките партии, но поради политичката манипулација тие иницијативи никогаш не ја добиваат својата реализација.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG