Протестите на македонкото етничко население во Грција завршиле а четворицата кои синока беа приведени од страна на полицијата се ослободени информира денеска Павле Воскопулос од Виножито. Тој вели дека партијата не стоела зад протестите кои ги организирало локалното население од селото Забрдени во Леринско поради воената вежба на грчката армија во нивна близина.
„Сакам да потенцирам дека ова е спонтана реакција на жителите на селото и околните села за притисок за остварување на воени вежби. Тоа беше суштината не целиот инцидент.“
Според проценките на Виножито додава Воскопулос грчката армија ги изведува овие вежни по пет години мирување на тоа подрачје со цел да врши притисок врз македонското етничко население. Поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски пак вели дека вакви вежби не се невообичаени во Грција, но додава дека сега е специфичен моментот во однос на македонско грчките релации и тоа според него придонесува за поинаква атмосфера и кај локалното население:
„Инаку, пред пет години тоа беше израз на пријателство меѓу двете армии и држави. Јас како министер за одбрана имам присуствувано на воени вежби кои требаше да демонстрираат дека Македонија е на чекор до НАТО, а нема никакви територијални претензии од страна на Грција.“
Но денеска е се поинаку додава тој и токму поради тоа очекува сето ова да добие и политичка конотоција:
„Мислам дека заради сето ова што се случуваше во последната година ова исто така ќе има негативни импликации на напорите што се прават да се најде заедничко прифатливо решение за уставното име на нашата држава.“
Македонкста армија вели Бучковски нема вакво сикуство со локалното население зошто како што објанува големината на војскта не е таква и не се практикуваат воени вежби во близина на населени места:
„Кога се прават воени вежби тоа се прави на полигонот Криволак, така што несоодветно е да се прави било каква компарација меѓу искуствата на нашата и грчката армија.“
Инаку по вчерашните инциденти кои избувнаа откако жителите на Забрдани поради противењето на воена вежба лежеа пред тенковите на што реагираа специјалните сили на грчката полиција со соопштение се јави и македонската влада. Доцна синоќа изразија сериозна загриженост за случувањата во леринско.