Достапни линкови

Регистрирана е и домашна трговија со луѓе и пад на старосната граница на жртвите


Наспроти тоа што во земјава, Министерството за труд и социјална политика има донесено национална стратегија за борба против трговија со луѓе, Македонија од транзитна во последно време станува земја во која се одвива трговија со бело робје. Според Душко Миноски државен секретар во министерството за труд и социјална политика, ваквата појава се должи на незавидната социјална состојба на граѓаните.

„Она што е најстрашно имаме за жал и домашна трговија со луѓе, од источна Македонија транзитираат кон западна Македонија. Најчесто се тоа млади девојки кои што немаат езгистенција и одат во кафулиња, и кафитерии можеби понекогаш и несвесни за тоа што ги очекува и понекогаш завршуваат како жртви на трговија со луѓе.“

вели Миновски и додава дека старосната граница на жртвите на трговија со луѓе почнала да опаѓа.

„Голем дел од жртвите на трговија со луѓе се често пати малолетни лица, сеуште поголем број се полнолетни, но се спушта границата на 15-16 години.“

Езерскиот дел на Западна Македонија,граничниот премин Богородица се каналите низ кој најчесто се врши тргување со бело робје,посочува професорот Стефан Буџаковски. Тој вели дека покрај овие премини,тргување со луѓе се врши и на аеродромот Александар Велики:

„Езерскиот дел Св. Наум – Струга, таа илегала функционира веќе подолго време. Исто така се користи и преминот кај Богородица, сомневање има и дека тоа се прави организирано и на скопскиот Аеродром со вклучување на повеќе вработени од повеќе области.“

Буџаковски исто така посочува дека најчести земји од кој се врши тргувањето со луѓе се Турција и Албанија, но и дека Македонија не е имуна на ова појава:

„Еве сега имам сознанија дека се дојдени некои луѓе, ,,обработуваат„ девојки за да ги носат на работа во Берлин, со примамливи факти дека ќе уживаат, дека нема да има сексуални услуги. Тоа го прават на примамлив начин додека тие ја преминат нашата граница, а потоа паѓаат во нивните канџи.“

Одделот за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи во првите девет месеци од мината година откри 31 кривично дело за протв законско криумчарење на мигранти и трговија со луѓе, вели Иво Котевски портпарол на МВР:

„Во рамки на овие контроли беа откриени вкупно 191 женско лице, најголемиот број од нив 112 се странски државјанки, како и 79 македонски државјанки за жал 9 малолетни.“

Според Светската организација за труд, околу 2,45 милиони лица во светот се жртви на тој феномен, а незаконската заработувачка од искористувањето на човечкиот труд изнесува 33 милијарди долари годишно.
XS
SM
MD
LG