Достапни линкови

Ѓукановиќ за РСЕ: Предрасуда е дека офшор бизнисите се незаконски


Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во интервју за Радио Слободна Европа
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во интервју за Радио Слободна Европа

Западнобалканскиот синдром на „заробени држави “ е само едно гледиште на проблемот, но во регионот има дефицит на европски вредности и владеењето на правото, вели црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во интервју за Радио Слободна Европа. Тој за РСЕ отворено зборува и за неговите офшор бизниси.

„Не верувам во скратен пат кон Европската унија (ЕУ)“, вели претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), спроведено на последниот ден од неговата посета на главен град на Чешка, Прага.

Ова е одговорот на Ѓукановиќ повиците за брза интергација во ЕУ кои доаѓаат од лидерите на земјите од Западен Балкан, а зачестија по почетокот на руската инвазија на Украина. Барањата се за олеснување на патот кон членство во ЕУ на земјите од овој регион поради страв од негативно руско влијание.

Интервју Ѓукановиќ: Државата е посилна од криминалот
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:27 0:00

Ѓукановиќ, како претседател на државата што отиде најдалеку во евроинтеграцискиот процес, со сите отворени преговарачки поглавја и три привремено затворени, изразува уверување дека Црна Гора ќе биде првата следна членка на ЕУ.

РСЕ: Господине Ѓукановиќ пред се ви благодарам за времето што го одвоивте за Радио Слободна Европа при вашата посета на Прага. Дојдовте во период кога на Западен Балкан како вирус, да не ме разберете погрешно, се прошири идеја дека државите од Западен Балкан треба да се интегрираат во ЕУ, па и без стандарди. Таа идеја се интензивираше по почетокот на руската инвазија врз Украина. Каков е вашиот став по тоа прашање.

Ѓукановиќ: Мојот став е дека сите земји од Западен Балкан треба да имаат свое место во ЕУ. Но, до него да дојдат со безусловно реализирани, квалитетни општествени реформи. Не верувам во скратен пат кон ЕУ, не верувам дека е можно да се одговори на потребите за живот во ЕУ без претходно реализирани реформи, така што мислам дека пораката од Црна Гора е јасна. Спремни сме да ги исполниме условите пред се во делот владеење на правото, која е клучна точка во преговарачката агенда со ЕУ. И мислам дека според досега направеното Црна Гора ќе биде следната членка на ЕУ.

РСЕ: Веднаш го отворивте најважното прашање, кое се однесува на поглавјата 23 и 24 (правосудство и човекови права ) и преговорите со ЕУ. Тие резултати во која било форма да се напишани, не се добри. На пример, во извештајот на ЕУ за напредокот во 2020 година се зборува за широко распространета корупција на високо ниво во управата на Црна Гора, па за неспособноста или неадекватниот одговор на правосудството. Ја земам за пример 2020 година кога вашата партија ја изгуби власта.

Ѓукановиќ: Најпрво немојте да ве изненади тоа што имаме дефицит на европски вредности во регионот, во Западен Балкан, па според тоа има и дефицит во владеење на правото. Од друга страна, мислам дека е важно да се нагласи политичката подготвеност на реформаторските влади во нашиот регион да ги отстранат дефицитот и на таа основа да реализираат реформи, па според заслугите да го остварат правото за членство во ЕУ.

РСЕ: Не се работи за дефицит, тука се работи за многу остри оценки. Ова е цитат од стратегијата за Западен Балкан на Европската комисија за 2018 година во кој стои „ Земјите од Западен Балкан покажуваат јасни елементи на „заробени држави, вклучувајќи врски со организиран криминал и корупција во сите нивоа на владите и администрација, како и силно вмешување во јавниот и приватниот сектор“

Ѓукановиќ: Јас тоа го разбирам како едно гледиште.

РСЕ: Дали се согласувате со оваа оценка?

Ѓукановиќ: Не. Апсолутно не, и ова не е го кажувам прв пат. Јас сметам дека таквиот наратив за Западен Балкан во годините што вие ги спомнувате во голема мера беше инспириран од неодлучноста на Европската унија да ги прими земјите од Западен Балкан да станат членки.

Како што се сеќавате, се креираа различни алтернативи за членство, иако ние од регионот упорно повторувавме дека секоја алтернатива е лоша и дека за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, членството е единственото нешто што им одговара на нашите земји.

РСЕ: Да се задржиме на фразата, ве молам, „заробени држави“. Тоа дојде од институциите на ЕУ кои се занимаваат со прашања за интеграција. Ова се однесува на сите држави од Западен Балкан, вклучително и Црна Гора. Значи тоа дојде од авторитет, кон кој се стремите како држава. Како е можно да не се согласувате?

Ѓукановиќ: Можам слободно да ви кажам дека можеби таа квалификација се однесуваше на Црна Гора како, според тогашна перцепција на ЕУ, како една од карактеристичните земји за ваква оценка, токму поради околностите што во претходните триесет години немаше промена на власта во Црна Гора, дека ние имавме континуитет во владејачка коалиција.

РСЕ: Интересен феномен е што ако ја „загребете“ површината на врвот на поранешната власт, зборувам за луѓе од кругот на власта што беше дел од вашата партија, многу лесно наоѓате имиња кои се спомнуваат во незгодни комбинации. Па, во тој случај, има имиња и од вашето семејство. Ќе ги спомнам „Документите од Панама“ каде се спомнуваат и вашето име и името на вашиот син. Се споменуваат компании и бизниси отворени на Британските Девствени Острови, Панама ....

Ѓукановиќ: Ќе ми кажете што е тука незаконски?

РСЕ: Па еве кажете ни каков бизнис води вашето семејство на пример, во Панама?

Ѓукановиќ: Дали сте слушнале за офшор бизниси, за офшор компании, кои се регистрирани во сите земји, вклучително и во Велика Британија. Дали мислите дека е нелегално?

РСЕ: Не е незаконски, но добро знаеме каков феномен се даночни раеви. Таму се инвестира за да се заштеди на даноците. Дали претседателот на Црна Гора, кој е даночен обврзник во таа земја, треба да инвестира во земја која е даночен рај?

Ѓукановиќ: Да.

РСЕ: Да? Па тогаш советувајте ги граѓаните на Црна Гора да го сторат истото.

Ѓукановиќ: Ќе ви кажам зошто. Неодамна разговарав за тоа со еден од вашите колеги. Мислам дека моите обврски додека сум претседател на државата се да работам во интерес на таа држава и безусловно да го почитувам уставниот и правниот систем на таа држава. Во моментот кога ќе ја завршам својата државна функција, а дозволите да ви кажам дека поминав триесет години во државни функции во Црна Гора, а кога ќе одлучам да се занимавам со бизнис, мој избор е каде ќе се занимавам со тој бизнис.

РСЕ: За мене, најлогично би било вие, по триесет години вршител на најголема функција во Црна Гора, да размислувате за бизнис во својата татковина.

Ѓукановиќ: Тоа би било логично од ваша гледна точка.

РСЕ: Зошто не го правите тоа?

Ѓукановиќ: Зошто да правам нешто што ви е вам логично?

РСЕ: Затоа што верувате во иднината на Црна Гора и во здравата деловна средина во таа земја.

Ѓукановиќ: Не сте во право. Имам регистрирано фирми во Црна Гора, фирми кои се уредно регистрирани и каде управувачките права секогаш биле префрлувани на други луѓе во моментот кога би се вратил на државна функција.
Но, ако сакам да работам некоја бизнис надвор од Црна Гора, а која нема во ниеден сегмент да ја допира Црна Гора, зошто мислите дека тоа не само што е нелегално, затоа што дефинитивно не е нелегално, туку и мислите дека е неморално ако јас сакам да ја работам таа работа таму каде што се пониски даноци?

РСЕ: Тоа до некаде го отсликува и вашиот сомнеж дека Црна Гора е идеална средина за инвестиции, бизнис и работа. Тоа е навистина сериозна проценка.

Ѓукановиќ: Сè уште мислам така. Ако некој реализира инвестиција од една милијарда евра во подморски кабел, ако некој реализира инвестиција од милијарда евра во автопат, ако некој реализира инвестиција од 800 милиони евра во Порто Нови, тоа значи дека има добра средина и дека инвеститорите верувајте.

Не сум доволно силен финансиски за да реализирам такви проекти. Јас посветив добар дел од мојот живот на државни работи. Кога се обидувам да се вклучам во бизнис активности, барам најповолна средина каде што можам да се вклучам. Ви повторувам дека е предрасуда ставот кога се зборува за офшор бизнисите како незаконски бизниси.

РСЕ: Го разбирам вашиот став и сигурен сум дека и публиката го разбра, но кажете ми една тајна - каков бизнис имате на Британските Девствени Острови?

Ѓукановиќ: Немам работа таму. За жал, регистрирав само фирма која ништо не работи затоа што после тоа морав да се вратам во политиката. Така што, за жал, таа компанија не успеала ни да отвори сметка во банка, па со тоа не реализира никаква операција. Тоа е се приказни за офшор бизниси.

РСЕ: Ќе бидете ли кандидат на ДПС за претседател на Црна Гора на следните (2023) избори?

Ѓукановиќ: Тоа допрва ќе видиме.

XS
SM
MD
LG