Достапни линкови

Чист воздух „мало сутра“


Архивска фотографија: Изјава за медиумите за загадениот воздух на Радмила Шекеринска од СДСМ на 20 декември 2013 година
Архивска фотографија: Изјава за медиумите за загадениот воздух на Радмила Шекеринска од СДСМ на 20 декември 2013 година

На оние на власт воздухот магично им се расчисти. Оние кои сега се во опозиција конечно забележаа дека не се дише.

Заладувањето на времето и почетокот на грејната сезона повторно на површина ја извади најголемата болка на граѓаните – не се дише. Се чини дека дел од нив го имаат пронајдено решението. Оние кои до пред неколку години постојано се жалеа на воздухот, откако дојдоа на власт се чувствуваат како на Швајцарските Алпи.

Оние, пак, кои до пред неколку години велеа дека критиките за загадувањето се опозициска пропаганда почнаа да развиваат алергии и бронхопневмонии.

Додека партиските лидери тераат висока политика во пресрет на изборите најавени за напролет, граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека прво треба да се преживее зимата.

Сепак, ни датумот нема да го исчисти воздухот, а се чини дека и чист воздух ќе добиеме „мало сутра“.

Мнозинството, пак, бара преземање конкретни мерки и одговорност. Дел од граѓаните на социјалните мрежи потсетуваат дека актуелната власт протестираше за чист воздух, а сега велат дека проблемот е сложен и не може брзо да се реши.

На дел од граѓаните не им е до шега.

Премиерот ги лоцира виновниците.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG