Соединетите држави и Русија се двете земји кои имаат најголем број потврдени случаи на коронавирус во светот.
Од 20 мај, Соединетите држави имаат и најголем број починати.
Русија пак, е рангирана на 19-то место по пријавениот број на смртни случаи, а нејзината статистика се повеќе се анализира од експерти, кои се сомневаат дека нешто не е во ред со методологијата на Москва.
Дали бројките за коронавирусот во Русија се точни?
Повеќето земји ширум светот се обидуваат да се придржуваат кон упатствата утврдени од Светската здравствена организација за класифицирање на смртните случаи од коронавирус: „смртта како резултат на ковид-19 не може да се припише на друга болест (на пр. карцином) и треба да се брои независно од постојните болести“.
Со други зборови, ако некое лице има срцева заболување и потоа се инфицира со коронавирус, а подоцна и умира, тоа треба да се класифицира како смрт од коронавирус.
Истото важи и за дијабетесот или респираторните заболувања како пневмонијата.
Експертите велат дека има мешавина на објаснувања зошто статистиката за смртноста на коронавирусот се разликува.
Некои се поради долгогодишни, институционални практики и традиции во рамките на државите; некои пак се потенцијално во функција на политиката.
Ковид-19: Кој е најзагрозен и каде е најопасно?
Според американскиот универзитет Џонс Хопкинс. институција чија база на податоци за инфекции се смета за една од најавторитативните, разликите во бројот на смртност може да бидат предизвикани и од например бројот на извршени тестови кај популацијата: колку повеќе тестирања има, толку повеќе се идентификуваат лица со поблаги случаи, и ова потоа ја намалува стапката на смртни случаи.
Исто така, колку е поголема популацијата која е постара или посиромашна, најверојатно ќе има повисоки стапки на смртност.
И системот на здравствена заштита на секоја земја е фактор: Бројот и квалитетот на болниците и лекарите, на пример, влијае врз тоа како се лекуваат заразените пациенти и дали тие закрепнуваат.
Во САД, од Центрите за контрола и превенција на болести - водечката владина агенција одговорна за здравјето - велат дека нејзината статистика се заснова врз броеви внесени во Националниот систем за витални статистики, од сите 50 американски држави.
Меѓу недостатоците на статистиката е и доцнењето. Може да поминат неколку недели пред смртта од ковид-19 да се процесира, кодира и табелира, а потоа да се рефлектира во националните бројки.
Тоа е ковид-19
Во Русија, има едно прашање, со огромни докази, дека смртта на многу луѓе заразени со коронавирус им се припишува на други болести или состојби.
Јелена Малиникова, началник на заразни болести во Министерството за здравство, на 4 мај изјави дека малата смртност се должи на масовното тестирање и брзото откривање.
Русија е пофалена за својата широка национална програма за тестирање, со спроведени повеќе од 7,5 милиони тестови.
Жртвите од короната - во Европа над 80, во Македонија под 70 години
Но, официјалните бројки привлекоа големо внимание во почетокот на овој месец, кога новинските медиуми, вклучувајќи ги Москва Тајмс, Њујорк Тајмс и Фајненшал Тајмс, ги испитаа прелиминарните стапки на смртност во Москва за април и откриле дека тие биле значително над просекот.
Ова предизвика лути осуди од Министерството за надворешни работи.
Претставникот на СЗО на Русија, исто така, ги минимизира сомнежите за високите бројки во Русија.
Михаил Там, вонреден професор на Московскиот државен универзитет и Високата школа за економија во Москва, изјави за РСЕ дека во Москва, градските власти соопштија оти повеќе од 60 проценти од пациентите заразени со коронавирус не биле вклучени во статистиката на смртта.
Коронавирусот се сметаше само за „катализатор“ за развој на друга болест.
Дали станува збор за намерна политичка одлука - можеби за да се минимизира перцепцијата дека Русија страда непропорционално - е отворено прашање.
Смртност од Корона - Подобри од ЕУ, полоши од Балканот
„Можеме да кажеме дека има неколку фактори во невообичаено нискиот број на смртни случаи во Русија, вели Там, „но само еден од нив, за кој московските власти отворено напишаа, ни овозможува да процениме колку е тоа големо потценување“.
Смртни стапки, смртни случаи
Другите земји чии вкупни броеви на коронавирус се доведуваат во прашање го вклучуваат Иран, кој во минатиот месец, престана да ги објавува бројките од провинцијата, дури и како што самите власти забележаа, „растечкиот тренд“ во осум региони.
Заклучно со 20 мај, земјата пријавила смрт на 7.119 лица, според базата на податоци на универзитетот „Џонс Хопкинс“, која се потпира врз извештаи од владите на земјите.
Белгија, е седма на рангот на смртни случаи, со 9.108, но таа има највисока стапка на смртност во светот: 79,50 на 100.000 луѓе. За споредба во САД стапка е околу една третина: 27.61. Во Русија е 1,88 на 100,000 луѓе.
Портпаролот на белгиската влада Ив Ван Лаетем, претходно овој месец се обиде да ги одврати перцепциите дека земјата е исклучително опустошена од болеста.
Рекорден број починати од Ковид-19 во Русија
Причината е што властите следат „вишок смртни случаи“ за периодот кога коронавирусот бил во земјата.
Ова е број на смртни случаи повеќе од она што инаку би се очекувало за истиот период, засновано врз минатите статистички податоци - слично на она што новинарите го пронајдоа за Москва во април.
„Нашиот начин на броење на работите е научно точен и искрен“, беше цитиран Ван Лаетем на 15 мај.
Белгискиот виролог Стивен Ван Гухт вели дека, бидејќи коронавирусот што предизвикува бил нов кога се појавил, многу земји не знаеле како најдобро да одговорат или како да ги класифицираат смртните случаи.
Ова се менува откако се генерирани повеќе информации и податоци.
”Малку е глупаво тоа што земјите се загрижени за нивниот имиџ, бидејќи за вирусот никој не е виновен. Тоа е сила на природата и се обидувате да се справите со тоа“, вели Ван Гухт за РСЕ, додавајќи:
„Тоа не е политичко прашање, затоа што ние како научници во јавното здравство, не ни е грижа дали една земја изгледа подобро или полошо од другите“.
Вирусна политика?
Има земји чија статистика е неоправдана: Туркменистан до ден-денес нема пријавено никакви случаи на коронавирус, и покрај тоа што е опкружена со земји што го имаат.
Најголем дневен пораст на заразени од почетокот на пандемијата
Самата Светска здравствена организација се најде под сериозни критики од администрацијата на претседателот Доналд Трамп и од другите влади.
Голем дел од критиките се фокусираа врз интеракциите на оваа организација со Кина, каде што болеста првпат се појави во ноември и декември, и на перцепцијата дека таа обезбеди политичка покриеност за авторитарните влади.
Нејзините локални претставници, исто така, застанаа, на пример, зад властите во Таџикистан, кои инсистираа дека нема случаи.
Сепак, на 30 април таџикистанските власти ги објавија првите случаи во земјата; заклучно со 19 мај, имало скоро 2.000 потврдени случаи и 40 починати.
Ејмс Олдворт, портпарол на СЗО во Женева, за РСЕ изјави дека варијацијата на податоците делумно се објаснува со разликите во методите за известување и стратегиите за тестирање од една во друга земја.
„Затоа не е невообичаено да се види дека податоците варираат од една до друга област, бидејќи локалниот контекст игра улога во ширењето и размерот на заразната болест“, вели тој.
Олдворт не одговори на прашањето дали СЗО во некои случаи обезбедила политичка покриеност за авторитарните влади загрижени за негативното покривање на медиумите на коронавирусот.