Достапни линкови

Антителата на оздравените можно решение за Ковид-19?


Антителата како војници против Ковид-19?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:29 0:00

Антителата како војници против Ковид-19?

Тестовите за антитела преку крвта станаа една од клучните алатки за борба против пандемијата. Тие ги идентификуваат антителата - протеини произведени од имунолошкиот систем - како можен одговор на Ковид-19.

Колку луѓе имале Ковид-19 без симптоми? Дали оздравените пациенти се имуни на друга инфекција? Ако е така, колку долго се имуни? Ова се само некои од прашањата што истражувачите се обидуваат да ги одговорат во Чешка, Германија и на други места, користејќи тестови на антитела од крв за да прегледаат што повеќе слоеви од населението.

Потребни се само неколку минути и капка крв - да одговорат на сè почестото прашање: "Дали добив Ковид-19 без да го знам тоа?"

Чешки волонтери за научни цели и општ интерес

Во април, илјадници Чеси волонтирале на студија што ќе им даде одговор Да или Не, а на истражувачите ќе им обезбеди вредни информации. Тестовите на крвта или серолошките тестови станаа една од клучните алатки за борба против пандемијата. Тие ги идентификуваат антителата - протеини произведени од имунолошкиот систем како одговор на Ковид-19. Различно од тестот со брис од носот, со кој се тестира за активен вирус, тестот со антитела обично покажува дека инфекцијата поминала, вклучително и таа кои предизвикала благи симптоми или воопшто немало симптоми. Значи, треба проверки по случаен избор за да се откријат скриените случаи, ширењето и ефектот.

„Тестовите покажуваат позитивни случаи на Ковид-19 во рамките на целата популација, но има и други жаришта на инфекција. Не е распореден рамномерно во земјава“, вели Јармила Разова главна службеничка за хигиена од Чешка.

Германски пример

Следењето на клучни точки, според локација и демографски податоци, помага да се одреди кога и каде да се почне со работа и каде мерките за заштита делувале најдобро. Истражувачите во Германија спроведуваат слично истражување како чешкото, но со една битна разлика - По случаен избор одредените волонтери ќе бидат проверувани секој месец.

„Целта на студијата е да го следи ширењето на вирусот во Минхен во текот на една година, за подобро да го разбереме вирусот и неговото ширење и да можеме да носиме заклучоци“, вели д-р Верена Тиел која работи на германскиот истражувачки проект „KoCo19“.

Истражувалите се надеваат дека со повторно тестирање на испитаниците ќе утврдат колку долго антителата остануваат во телото. Има надеж дека антителата даваат имунитет, што би значело дека оздравените пациенти можат да продолжат со нормален живот. Но, вирусот е премногу нов за научниците да знаат колку тие антитела штитат.

Не може секогаш антителата да ја заменат вакцината

Ако имаме антитела против нешто - извор на инфекција - некои од нив остануваат за цел живот. Но, за други како грипот, мораме да вакцинираме секоја година, бидејќи вирусот се менува. Изгледа дека и Ковид-19 би можел да има случни својства.

Дури и кај долготрајното испитување по случаен избор, се уште постојат „слепи точки“. Некои случаи на заразени со Ковид-19 остануваат невиднили за научниците, бидејќи пациентите со блага имунолошка реакција би можеле да бидат негативни на антитела.

„Тоа е навистина поврзано со тоа не само дали сте заразени или не, туку и со тоа колку вируси сте имале во тоај период, како и со имунолошкиот систем личноста и колку тој имунолошкиот систем реагирал. Значи, ќе има разлики од личност до личност дали тестот ќе биде позитивен“, вели д-р Даниеле Омпад, епидемиолог од Универзитетот „Њујоршка школа за јавно здравје“.

Бидејќи земјите се борат да продолжат со нормално живеење, широкораспространетите испитувања ќе бидат еден од најважните извори за разбирање на пандемијата и на тоа како да се справиме со неа.

XS
SM
MD
LG