Руските сили го зазедоа Херсон
Руските сили ја презедоа контролата врз клучниот јужен пристанишен град Херсон, соопштија локалните власти. Тоа е првиот голем украински град кој е окупиран од почетокот на инвазијата. Градоначалникот на Херсон, Игор Колихаев и висок функционер на украинската влада потврдија дека Херсон паднал.
Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за воени злосторства
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан објави дека отворил истрага за потенцијални воени злосторства на Русија за време на нејзината инвазија на Украина.
Фотогалерија - Украина: Лица и урнатини
Над 130 загинати цивили, над 1000 повредени, стотици илјади бегалци, урнати згради, уништени домови и многу исплашени лица е само еден дел од сликата за руската инвазија врз Украина.
Украинското министерство за одбрана: Мариупол останува во наши раце
Украинското Министерство за одбрана тврди дека руските сили се уште се „неуспешни“ во правците во кои напредуваат, а јужниот град Мариупол останува во украински раце. Мариупол, кој беше изложен на интензивно гранатирање, се смета за важна стратешка точка за Русите бидејќи би ги обединил нивните сили на југ и на исток, пишува Би-Би-Си.