Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
10:06 3.3.2022

За Русија и Белорусија нема учество на Зимските параолимписки игри

Руските и белоруските спортисти нема да можат да се натпреваруваат на Зимските параолимписки игри во Пекинг, одлучи Меѓународниот параолимписки комитет. Одлуката дојде еден ден откако МОК им даде зелено светло на спортистите од двете земји да учествуваат како неутрални, велејќи дека раководното тело ги почитува неговите правила и дека „спортистите не се агресори“.

10:16 3.3.2022

Технолошките џинови во информациската војна на Западот и Русија

Додека руските ракети паѓаат врз украинските градови, платформите на големите технолошки компании се претворени во боишта во паралелна информативна војна меѓу Западот и Русија во екот на геополитичката битка за влијание, пишуваат светските медиуми.

10:41 3.3.2022

Про-руски собир во Подгорица

Фотографија од про-сускиот собир во Подгорица
Фотографија од про-сускиот собир во Подгорица

Пред паралментот во Подгорица, Црна Гора, се одржа протест за подршка на Русија. Меѓу присутните имаше приврзаници и на четнички организации, како и на „Ноќните волци“. Протестот помина мирно и без инциденти. Сличен протест се одржа пред два дена и во Никшиќ.

10:56 3.3.2022

УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина се зголеми на еден милион

Белаци од Украина на полската граница
Белаци од Украина на полската граница

Еден милион луѓе избегаа од Украина во соседните земји од почетокот на руската инвазија, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди. „За само седум дена, бевме сведоци на егзодусот на милион луѓе од Украина во соседните земји“, напиша шефот на УНХЦР на Твитер.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG