Полска бара од ЕУ да воведе ембарго за руски гас, нафта и јаглен
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска побара од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Европската унија како следен пакет санкции за Русија поради инвазијата врз Украина да воведе ембарго за увоз на руски гас, нафта и јаглен.
САД ќе ги поддржи дипломатските напори на Киев за прекин на огнот
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во наредните денови ќе отпатува во Белгија, Полска, балтичките земји и Молдавија за да ја потврди поддршката на Вашингтон за Украина. Државниот секретар најпрвин ќе слета во Брисел на средби со колегите од Европската унија и земјите од НАТО.
Силна експлозија одекна во Киев во близина на министерството за одбрана
По најавите дека утре ќе се одржат разговори меѓу Русија и Украина за прекин на огнот, украинските власти соопштија дека одекнала силна експлозија во Киев. Станува збор за експлозија во близина на седиштето на украинското министерство за одбрана меѓу јужната железничка станица и хотелот Ибис.
Денеска втора рунда преговори меѓу Украина и Русија
Русија и Украина ќе разговараат за прекин на огнот на вториот круг од разговорите кои треба да се случат денеска, додека руските воени сили продолжуваат да го бомбардираат Харков и држат под опсада две украински пристаништа. Втората рунда разговори со цел да се стави крај на борбите треба да се одржи во западниот белоруски регион Брест, но мали се очекувањата дека најде заеднички јазик меѓу двете страни.