Седум руски банки исклучени од меѓународната СВИФТ мрежа
Европската унија исклучи седум руски банки од меѓународната мрежа за размена на пораки за банкарски трансакции СВИФТ (SWIFT) како одговор на неиспровоцираната инвазија на Москва на Украина. СВИФТ е безбеден систем кој помага да се овозможи прекугранично плаќање со понепречен проток на меѓународната трговија.
Москва: За прекин на огнот ќе се разговора на следната рунда преговори со Украина
Шефот на руската делегација на преговорите со украинската страна вели дека прашањето за евентуален прекин на огнот ќе се разговара за време на втората рунда преговори на 3 март. Владимир Медински, кој е помошник на рускиот претседател Владимир Путин, на 2 март рече дека покрај прекинот на огнот, ќе се разговара и за прашањето за хуманитарен коридор во Украина, каде руските вооружени сили продолжуваат да напаѓаат градови.
ОН ја усвоија Резолуцијата со која се осудува руската инвазија на Украина
Итната седница на Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина. За резолуцијата гласаа 141 член од вкупно 193 и се бара Русија веднаш да ја прекине војната во Украина и да ги повлече сите свои војници од украинска територија.
Ако сте руски олигарх, српска авиокомпанија можеби е најдобра опција за лет до Европа
Одбивањето на Белград да се приклучи кон западните санкции и забрани за руски летови засега го искористуваат државната компанија „Ер Србија“ и приватната авиокомпанија „Ер Пинк“. Летовите брзо се распродадоа меѓу Русија и Белград откако стапија на сила забраните за европскиот воздушен простор за да се казни инвазијата на Москва врз Украина.