Бројот на украински бегалци во соседните држави расте
Руската инвазија принуди над милион Украинци да ги напуштат своите домови. Некои се внатрешно расселени, а некои избегаа во соседните држави. Најмногу бегалци од Украина има во соседните Полска, Романија и Молдавија
Руската Сбербанк група го напушта европскиот пазар
Главната руска банка Сбербанк група денеска соопшти дека се повлекува од европскиот пазар, зашто е погодена од огромните финансиски санкции воведени како одговор на руската инвазија врз Украина, пренесуваат руските новински агенции.
Русија пред Судот во Хаг и лекциите од Балканот
На шестиот ден од руската инвазија на Украина, обвинителството на Меѓународниот кривичен суд во Хаг најави отворање на истрага за можни воени злосторства во таа земја. Обвинителот Карим Кан на 28 февруари рече дека истрагата има намера да ги опфати сите нови наводи за воени злосторства кои спаѓаат во јурисдикција на неговата канцеларија, „без оглед на тоа која страна ги извршила на кој било дел од територијата на Украина“.
Се евакуира грчкиот конзулат во Мариупол
Персоналот од конзулатот на Грција во Мариупол, заедно со грчките новинарски екипи денеска ќе бидат евакуирани од украинскиот град, а предвидено е да остане еден дипломат, за конзулатот да продолжи да работи, јави дописничката на МИА од Атина. Од конзулатот соопштија дека согласно најавите од руска страна, денеска ќе отвори хуманитарен коридор за излез од Мариупол, а заедно со персоналот и новинарите, може да се евакуираат и грчки граѓани, доколку поседуваат нивни автомобили.