Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
12:01 2.3.2022

Бајден со поддршка за Украина во обраќањето за состојбата на нацијата

Џо Бајден
Џо Бајден

Во своето прво обраќање за состојбата на нацијата, американскиот претседател Џо Бајден во вторникот вечерта ја осуди инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин и ја собра двопартиската поддршка за Украина. Тој се осврна на зголемената инфлација што го попречува економското закрепнување од пандемијата и ја истакна агендата за „единство“ за која рече дека може да добие целосна поддршка во Конгресот.

12:28 2.3.2022

Црна Гора се приклучува на санкциите на ЕУ против Русија

Фотографија од антивоени протести во Подгорица, Црна Гора
Фотографија од антивоени протести во Подгорица, Црна Гора

Црногорското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјата се приклучила на санкциите што Европската унија ги воведе против Русија по нејзиниот напад врз Украина.

13:23 2.3.2022

БиХ се усогласи со првиот пакет ЕУ-санкции за Русија, објави Борел

Жозеп Борел
Жозеп Борел

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, потврди дека и Босна и Херцеговина ја почитувала одлуката за воведување санкции против Русија. Тој го наведе тоа во Декларацијата за усогласување на одредени земји во врска со рестриктивните мерки во однос на руските акции кои ја дестабилизираат ситуацијата во Украина.

13:31 2.3.2022

Русите бомбардираат цивилни цели - сведочат жителите на Харков

Последици од ракетирањето на Харков
Последици од ракетирањето на Харков

Руските сили неколку дена жестоко го гранатираат Харков, вториот по големина град во Украина. Локалните жители во страв и неверување зошто паѓаат бомби и гранати и врз станбени објекти. Има десетици жртви.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG